5G tower set on fire in Birmingham, Acocks Green pic.twitter.com/1GNe2xxJLF
— Official #1 Birmingham Page (@imjustbrum) April 2, 2020
Во петокот вечерта во Ливерпул во оган пламна уште една 5Г-кула, а пожарот за кратко време беше изгаснат. Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон, откри дека примил закани од анти-5Г теоретичари на заговор.
„Гардијан“ пренесува дека Андерсон не верува во оваа теорија, која станува сè попопуларна на социјалните мрежи. Тој нагласи дека сите научни сознанија покажуваат дека 5Г-технологијата не е опасна за луѓето.
И во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, запалена е мобилно-телекомуникациската кула. Снимката што се појави на социјалните мрежи укажува на тоа дека ја запалиле анти-5Г активисти.
This is the consequence of those bonkers Facebook conspiracy theories about 5G. Key workers getting harassed on the street. pic.twitter.com/5z35r6sabp
— Charlie Haynes (@charliehtweets) April 2, 2020
Текстот (Видео) Во Велика Британија се палат 5Г-кули поради теории на заговор за коронавирусот е превземен од Reporter.mk.