Петмина мажи кои служеле во американската морнарица изјавиле дека биле сведоци на мистериозни летачки објекти кои во 2004 година им пречеле додека изведувале вежби со авиони покрај брегот на Јужна Калифорнија.
Гери Ворхис, Џејсон Тарнер, Патрик Хјуз, Рајан Вајглт и Кевин Деј велат дека биле дел од американската морнарица кога носачот на авион имал средба со непознато летало НЛО во 2004 година, пренесува „Дејли мејл“.
Оваа мистериозна средба ја поткрепиле со видео во црно-бела боја, кое било снимено од еден од борбените авиони. Покрај видеото имало и искази од очевидци, еден од пилотите, пренесува Popular Mechanics.
Поранешните воени пилоти одлучиле да излезат во јавност со своите тврдења и да го поддржат Дејвид Фревор и некои од нивните колеги морнари кои првично излегле со ваквите тврдења.
Ворхис, кој бил на воениот брод Принстон и кој бил дел од групата Нимиц, изјавил дека ги слушнал радарските техничари како зборуваат дека на радарските инструменти забележале „траги од духови“.
Ворхис на почетокот помислил дека веројатно станува збор за грешка и дека високотехнолошкиот софтвер повторно бил во дефект, но подоцна се покажало дека трагите биле јасни, остри и видливи.
Деј, кој бил висок шеф на стручната операција во информативниот центар Принстон, го надгледувал воздушниот простор и бил задолжен да ја заштити групата.
„Мојата работа беше да управувам со радарите и да идентификувам сè што ќе се појави на небото“, изјавил Деј.
Тој изјавил дека на 10 ноември таа година забележал чудни појави на радарот во близина на подрачјето на островот Сан Клементе. Ворхис објаснил дека користел напредни системи на бродот за да може да ги набљудува објектите.
„Не можев да ги разберам сите детали, но тие само лебдеа горе, а тогаш во еден момент се спуштија во друг правец и повторно ќе се упатеа нагоре“, изјавил Ворхис.
На 14 ноември неидентификувани објекти повторно биле забележани. Морнарицата четири дена го набљудувала Popular Mechanicks.
Тој ден имало закажана и вежба од воздушната одбрана. Фревор бил испратен да ги пресретне мистериозните објекти. Тие имале облик на издолжено јајце и успеале да ги избегнат воените авиони. Фревор и неговиот копилот се вратиле на „Нимиц“. Поручникот Чед Андервуд успеал да ги сними објектите веќе во наредниот лет.
Податоците подоцна биле заштитени, а Хјуз вели дека неговиот наредник подоцна го посетил во друштво на две непознати лица за да им ги предаде сите податоци и сознанија што ги имал.
„Претходно ги немав видено на бродот и не забележав како пристигнаа. Не бев сигурен што работат“, изјавил Хјуз, кој подоцна објаснил дека сè што имал подоцна им го дал на своите надредени.
„Ги ставив сите податоци во торба и му ги дадов на мојот претпоставен“, изјавил Хјуз за Popular Mechanics.
Гари Ворхис од бродот „Принстон“, изјавил дека пилотите во 2004 година, по случајот со „Нимиц“ и забележаните НЛО, две личности ги зеле сите податоци. Исто така, воените пилоти морале да ги избришат сите податоци што ги имале снимено на нивните компјутери.
„Двајца за мене непознати луѓе се појавија во хеликоптер. Тоа е нешто што не е невообичаено, но веднаш откако стигнале, моите надредени ни рекоа да ги префрлиме сите снимки на податоци“, изјавил Ворхис.
„Исто така ми беше кажано да ги избришам и празните ленти“, вели Ворхис.
Текстот (Видео) Воени морнари по 15 години прозбореа за средба со НЛО е превземен од Reporter.mk.