Американец успеал да сними мистериозен објект на небото во американската сојузна држава Вајоминг во близина на Областа 51. Ова место важи за едно од најмистериозните во светот.
Во јавноста за ова место кружат бројни теории на заговор, најчесто поврзани со вонземски живот. Теоретичарите на заговор тврдат дека таму американската војска ги чуваат вонземјаните.
Очевидецот кој го снимил видеото вели дека забележал летала кои немале сферен облик, како што најчесто се замислени НЛО-леталата, туку дека повеќе личеле на „бродови“. Мистериозните објекти летале во целосна тишина, без да испуштат ни најмал звук.
„Ако беа беспилотни летала, ќе се слушнеа пропелерите. Не знам за што би можело да стане збор“, изјавил очевидецот.
Текстот (Видео) Вонземјани или јато дронови? – снимка направена крај Областа 51 ги исплаши граѓаните е превземен од Reporter.mk.