Вонземјаните се појавуваат со нивните летала на земјата со цел да ги наполнат батериите. Ова го тврдат некои заговорници по објавеното видео на „Јутјуб“ каналот, во кое НЛО ги полни батериите со енергија, со помош на грмотевици. Инцидентот е забележан на 22 ноември минатата година и ова не е прв случај кој е снимен со камера.
Ист таков е забележан во 2017 година во САД. Некои заговорниците кои велат дека посведочиле на настанот, детално ги опишале моментите и изгледот на НЛО, чие име го нарекле TR3B.
„Научниците сега имаат можност повторно да ја искористат оваа технологија за да создадат антигравитациони системи“, велат некои во коментарите под видеото.
Оние кои не веруваат во теории на заговор и НЛО летала, објаснуваат дека најверојатно станува збор за човечки направен авион и дека истиот имал задача да го надгледува воздушниот простор.
Веста за виденото НЛО брзо се рашири по социјалните мрежи, особено по извештајот за видено исто такво летало во Северна Ирска истиот месец. Снимките ги објавил сајт од Канада, а на видеото се гледаат два чудни осветлени предмети кои летаат преку небото.
Во посебен случај, најмалку три пилоти тврделе дека во средината на ноември видени се исти такви светлечки објекти кои исчезнале за неколку секунди. Воените власти тогаш се оправдаа, објаснија дека не изведувале никакви обуки во тој регион.
Текстот (Видео) Вонземјаните ја користат Земјата за да ги наполнат батериите е превземен од Reporter.mk.