Популарниот инженер и астронаут Мајк Хјуз, познат и како Лудиот Мајк, загина за време на еден од своите обиди и експерименти што ги направи во САД во обидот да докаже дека Земјата е рамна плоча.
Летајќи на ракета направена од неговата компанија, Мајк се обидел на сите да им докаже дека Земјата има облик на фризби. Во саботата полетал од пустина во Калифорнија, а проблем настанал кога стигнал на висина од 1,5 километри. За време на падот, Мајк не можел да го отвори падобранот.
Кобниот момент го снимиле луѓето кои биле присутни на настанот. Мајк минатата година за агенцијата „Асошиетед Прес“ истакна деа во иднина има намера да полета во вселената за и самиот да се увери во својата теорија.
Текстот (Видео) Загина во обид да докаже дека Земјата е рамна е превземен од Reporter.mk.