Бројот на 5Г- базните станици кои овозможуваат пристап на супер-брз бежична мрежа, која е поставена досега, оваа година е повеќе од удвоен во цела Кина, пренесуваат тамошните медиуми. Тие информациите успеале да ги добијат од Министерствата за индустрија и Информациона технологија.
Во цела Кина во моментов има околу 250.000 едници кои даваат услуги за повеќе од 36 милиони корисници. Кина планира да ја забрза изградбата на дополнителни 10.000 нови секоја недела, што претставува огромно зголемување во однос на 2019 година, кога неделно се граделе околу 2500 вакви станици.
До крајот на годината ќе бидат завршени повеќе од 600.000 базни 5Г-станици, кои ќе ги покриваат речиси сите главни градови во Кина.
Технологијата на новата генерација им овозможува на корисниците да уживаат во брз мобилен интернет и активно да ги применуваат главните кинески оператори. Само во април, бројот на корисници на 5Г-мрежата, во земјата е зголемен за најмалку седум милиони. Ова го покажува соопштението издадено од новинската агенција Sinhua.
Најголемата кинеска телокомуникациска компанија „Хуавеи“, е светски лидер во 5Г-технологијата. Откако поднеле повеќе од 3000 патентни пријави, технолошкиот гигант може да се пофали со најголемото декларисано портфолије на 5Г-мрежата.
Додека „Хуавеи“ учествувал во претставувањето на 5Г-мрежата, во голем број земји ширум светот, бил под засилен надзор, бидејќи САД врши притисок на своите сојузници, за компанијата биде ставена на црната листа.
Освен што Вашингтон се обиде да ги лиши „Хуавеи“ договорите со странство, исто така ја стави фирмата на својата злогласна „Ентитетска листа“, забранувајќи им на американските компании да делуваат со оваа кинеска фирма, без да добијат посебно одобрение. Во својот последен потег, САД се обидоа да и забранат на кинеската компанија, да прави бизнис со светските производители на полупроводници.
Текстот (Видео) Земја во која секоја недела се градат по 10.000 нови базни станици со 5Г-мрежа е превземен од Reporter.mk.