(Видео) Жената која го предвиде распадот на СССР, ја кажа прогнозата и за 2020
Евгенија Јувашевна Давиташвили позната како Џуна, е најпопуларниот пророк во периодот во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Во поранешната СССР важела за вистински феномен, а била позната како руска исцелителка, спасителка, сликарка и астролог.
Евгенија тврдела дека може да ги излечи луѓето од рак, за кратко време да излечи луѓе со скршеници на рацете и нозете. Таа тврди дека може да им го продолжи животот на луѓето и за повеќе од 100 години.
Таа починала во 2015 година на 65. годишна возраст. Евгенија починала од мозочен удар, а погребана била покрај нејзиниот син, кој починал во 2001 година.
Нејзините предвидувња останале запаметени како детални и точни. Во деведесетите таа била ректор на Универзитетот за алтернативна медицина во Коломба, а нејзиниот живот останал голема мистерија. Многумина веруваат дека работела за тајни служби, па дури и дека нејзината смрт не била случајна.
Таа за периодот од 2020 година до 2025 година, изјавила дека светот го очекува глобална катаклизма, но дека не треба да се плашиме од Трета светска војна.
Ќе има многу тензии, па и покрај тоа што изјавила дека нема потреба за било каков страв од воена состојба, таа не негирала дека можни се повеќе локални конфликти. Според неа, 2020 година нема да биде нималку розева. Евгенија тврдела дека само преку традиционалните вредности, можеме да доживееме просперитет.
Само неколку дена пред нејзината смрт, таа предвидела пет тешки години. По половина деценија тешкотии, Евгенија изјавила дека луѓето ќе го кренеле својот глас и ќе дојде време на просперитет.
Според нејзино мислење, позитивни промени се можни само ако сите заедно учествуваме во градење на нов живот. Кај Евгенија за помош и совет се обраќале голем број на моќни политичари и луѓе од целиот свет.
Редовен клиент и бил министерот за надворешни работи на СССР, во периодот на Михаил Горбачов, а подоцна и грузискиот претседател Едуард Шеварднадзе. Истовремено, Евгенија го лечела големиот советски режисер Андреј Тарковски, кој тогаш веќе стекнал неформален статус на дисидент.
Доаѓале и припадници на советските врхушки, странски дипломати и нивните жени. Московската елита и голем број советски уметници и светски ѕвезди како Роберт де Ниро и Марчело Мастројани, исто така често ја посетувале Евгенија. Таа дружела и со поранешниот руски претседател Борис Елцин.
Евгенија имала толкаво внимание што ја нарекувале советскиот Распутин, споредувајќи ја со исцелителот кој имал толкаво големо и погубно влијание врз судбината на руското царство и династијата на Романови. Подоцна за неа се ширеле гласини дека учествувала во тајни експерименти на КГБ и дека била непогрешлива во предвидувањето на иднината. Наводно ја предвидела и нуклеарната катастрофа во Чернобл, распадот на СССР и датумот на нејзината смрт.
И покрај скепсата на луѓето од науката, очигледно дека советскиот, а подоцна и рускиот политички врв, ја сметале Евгенија за значајна и заслужна личност. Таа неколку пати била наградувана, а добила и „Орден за пријателство на народот“ во 1994 година од Борис Елцин.
Кога починала, од нејзиниот сеф била украдена документација за неподвижностите, но и извештаи за кои се верува дека ги содржат мрачните тајни на Кремљ.
Веднаш се наметнало прашањето, кој е крадецот и во чиј интерес било да исчезнат исповедите на нејзините пациенти, од Роналд Реган и Леонид Брежњев, до Никита Михалков, режисер кој важел за близок до актуелните руски власти, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.
(Видео) Жената која го предвиде распадот на СССР, ја кажа прогнозата и за 2020 was last modified: December 30th, 2019 by Љубисав Владимиров