(Видео) Зошто имавме блага зима

Експертите велат дека го знаат одоговорот за климатските промени и зошто оваа година имавме блага зима. Последните мерења направени со радиосонда на почетокот на јануари оваа година, во средишните слоеви на стратосферата, покажале досега најниски температури.

Мерењата напраени над исланскиот град Рејкјавик, покажале рекордни – 96 степени целзиусови. Ова се најниски температури измерени во последните 40 години. Мерењата се направени на слоевите на стратосферата кои се простираат на 50 или 55 километри над Земјината површина.

Научниците објаснуваат дека на овој начин, воздухот останал заклучен во вортексот и затоа, меѓу останатото сме имале годинава блага зима. Тие велат дека колку е посилен поларниот вртлог, толку се поблаги зимите.

Но, овој податок сведочи за лошата состојба во која во моментов се наоѓа поларниот вортекс во стратосферата. Неколку недеи подоцна, постигнат е нов рекорд, но овој пат во пониските слоеви на стратосферата, на вистина од 18 и 20 километри. За време на испитувањата на норвешкиот архиепилаг Свалбард, архипелаг во Арктичкиот океан, измерени се температури од – 85 степени целзиусови, во пониските слоеви на стратосферата.

Со оглед на тоа дека испитувањата се спроведени во станиците надвор од јадрото на поларниот вртлог, температурата над самиот пол е сигурно уште пониска. Анализите покажуваат запрепастувачки ниски температури во јадрото на вртлогот во оваа доба на годината.

Според мерењата на НАСА, регистрираната температура е најниска во последните 40 години, за овој период во северната хемисфера. Ваквата состојба доведува да се појават поларни облаци во стратосферата, кои се обликуваат во нејзините најстудени делови, каде температурата паднала 85 степени целзиусови под нулата.

Овие облаци се многу ретки и можат поретко да се видат дури и од поларната светлина. Тие облаци играат клучна улога во процесот на осиромашување на озонот.

Студените услови кои го поддржуваат формирањето на овие стратосферски облаци можат да опстојат и до месец септември и октомври над Антарктикот, кога низ сончевите зраци се јавува фотохемиски процес кој допринесува до уништување на озонскиот слој.

Ни претстојат неизвесна пролет и лето

Во случајот на Северниот пол температурата обично не е доволно ниска за да се формираат какви било облаци. Сепак, моменталните показатели, сведочат за критичната состојба на озонот. Сончевата светлина стигнува до Северниот пол, на крајот на февруари, односно, на почетокот на март и со присуство на поларните облаци во стратосферата може да се покрене процесот на уништување на озонот.

Озонската дупка над Северниот пол и понатаму е помала од онаа над Јужниот, но секако е несвојствена за северната хемисфера. Причината е драстино зладување на поларниот вртлог, додека силата на ветерот, внатре во него, невообичаено е зголемена. Врлогот почнува да исчезнува со доаѓањето на пролетта, затоа што температурата сигурно ќе порасне. Овој процес на повлекување на вртлогот може да биде постепен или да се јави нагло зголемување на температурата. Станува збор за природен настан кој се нарекува „последно загревање“.

Последното загревање инаку не влијае на климата, но исто нема да важи и оваа година, поради присуството на така силниот поларен вртлог. Од таа причина, неизвесно е каква прлоет ни претстои. Тоа може да влијае на временските прилики сè до почетокот на летото. Пролетта која ни претстои, барем во некои делови на Европа, ќе биде екстремна, потврдил и Акуведер во својата сезонска прогноза. Експертите велат дека температурите на најтоплите места во Шпанија ќе достигнат и до 38 степени на крајот на мај или на почетокот на јуни.

 

Текстот (Видео) Зошто имавме блага зима е превземен од Reporter.mk.