Секоја година САД трошат по три милиони долари во француските предградија, со цел да финансираат повеќе проекти. Поголем број теоретичари на заговор не веруваат дека станува збор само за филантропски гест.
Повеќе од десет години САД ги зголемува програмите за културни размени, односно ги зголемува финансиските донации во корист на акциите кои се одвиваат во предградијата на Париз.
Портпаролот на американската амбасада во Франција тврди дека на овој начин САД сака да му се доближи на францускиот народ. Тоа е прашање на подобро меѓусебно разменување, пренесува „Ла Паризиен“.
„Оваа програма е распространета ширум Франција, но вистината е дека добро делува во предградијата на Париз. Низ овие проекти се обидуваме да ја идентификуваме динамиката и лидерите и да дознаеме што делува добро во предградијата“, објаснува американскиот претставник.
Проектот на американската амбасада во предградијата можат да бидат претставени преку говори на дипломати, студенти или пак да бидат како еден вид мали донации во износ од 3000 долари за поддршка на некои музичари.
„ние ги финансираме конференциите и концертите во локалните културни центри, но и повеќето проекти кои чинат меѓу 20.000 и 100.000 долари“, вели портпаролот на американската амбасада во Париз.
Одредени доверливи телеграми направени во 2007 година сугерираат дека на овој начин, преку овие програми, Вашингтон има намера да ја следи состојбата со етничките малцинства во овој дел од градот. На вакво нешто се сомневаат некои теоретичари кои објаснуваат дека сето тоа се добро утврдени методи на големите сили.
На тој начин преку овие различни програми, САД сака да ги открие лицата со ветувачка политичка и социјална иднина, сметаат теоретичарите. Поранешниот градоначалник на Севран, предградие во Париз, Стефан Гатињон, вели дека на овој начин се потврдува дека Американците имаат интерес во ваквите финансирања.
„Американците сватија дека во нашите предградија живеат голем број муслимани и дека француската држава понекогаш го има запоставено ова население и дека на овие места можат да се развијат различни облици на радикален ислам. САД на ово начин се обидуваат да ги разберат овие луѓе. Да ги надгледуваат и на некој начин да добијат повратна информација. Нема сомнеж дека ЦИА гледа што амбасадата работи во нашите квартови“, објаснува Стефан, кој бил градоначалник на Севран во периодот од 2001 до 2018 година.
Тој објаснува дека многу добро е запознаен со оваа проблематика. Некои теоретичари сметаат дека ова што САД го прави во Париз, веќе долго време го прави и во Босна и Херцегоина и во некои други балкански земји, каде се случуваат стотина слични акции.
Текстот (Видео) Зошто САД финансираат во предградијата на Париз? е превземен од Reporter.mk.