„Викиликс“ објави тајни документи – на Месечината се воделе тајни војни меѓу САД и Русија

Светската непрофитна организација „Викиликс“, која ја води Џулијан Асанж, објави извештај за тајни американски бази на Месечината кои се уништени од страна на Русија. Во документот се откриени детали за сите наводни војни кои се случиле на Земјениот сателит и уништени тајни американски бази од страна на поранешен СССР.

Во еден од документите на „Викиликс“ пишува дека американската влада јасно го покажала својот интерес за изградба на воена база на Месечината и дека тоа било еден од нивните врвни приоритети, уште во 1966 година.

Во друг документ што го објавил „Викиликс“ е објавена пораката која поранешниот американски политичар Џон Подести му ја испратил на доктор Едгар Мичел, астронаут од мисијата Аполо 14.

„Затоа што трката за војување во вселената се разгоре, чувствувам потреба дека би требало да бидете свесни дека нема да толерираме никаков облик на воено насилство ниту на Земјата ниту во вселената. Јас и мојата колешка Карол Росен долго време работевме на договор за спречување на поставување оружје во вселената“, пишува во пораката.

Кога станува збор за теориите кои кружат во јавноста за изградените американските бази на Месечината, најмногу прашина кренала изјавата на Карл Вулф, техничар за фотографирање на електроника во авионската база Лангли.

Вулф станал познат по неговото сведоштво во Националниот клуб за медиуми во Вашингтон, каде јавно проговорил за проектот на доктор Стивен Греар. Тој објаснил дека бил однесен во мрачна соба каде НАСА развивала фотографии направени од лунарен орбитер.

„Се доближив до лабораторијата, а доктор Стивен ми кажа дека со помош на лунарниот орбитер, успеале да откријат база на едната страна на Месечината“, изјавил Вулф во Националниот клуб за медиуми во Вашингтон.

 

 

 

 

 

Текстот „Викиликс“ објави тајни документи – на Месечината се воделе тајни војни меѓу САД и Русија е превземен од Reporter.mk.