Американското федерално истражно биро, ФБИ, по грешка го откри името на висок дипломат од Саудиска Арабија, за кого се верува дека им помогнал на двајца киднапери на Ал Каеда, кои биле вмешани во нападот на Пентагон на 11. септември. Вакваата информација ФБИ со години ја чувала за тајна и доверлива, а сега случајно ја објавиле.
Името на дипломатот останало незаштитено, во едно судско барање, кое биле незапечатено. Истото било покажано минатата недела, за време на судскиот процес кој се води, во кои семејствата на жртвите од 11. септември, ја тужат владата на Саудиска Арабија, за вмешаност во терористичките напади.
За грешката, минатата недела извести „Јаху Њуз“, во време кога американското Министерство за правда, веќе го повлекла барањето, одбивајќи да коментира, како е можно да биде направена ваква грешка.
Но, во барањето, помошникот директор за борба против тероризам во ФБИ, Џил Санборн, веќе го забележал името на Муред Ахмед ал Џарах, официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија. На Муред му била доделена амбасадата во САД, во периодот во 1999 и 2000 година.
Катастрофален колапс во делот на национална безбедност, поради објавеното име, кое досега се криело од администрацијата на Трамп, Обама и Буш, не се случил, но кога адвокатот на семејствата на жртвите, го дознал името, тој поцрвенел, пренесува српски Курир.
„Тоа покажува дека постои целосно заташкување на процесот и вмешаност на високи службеници од страна на Саудиска Арабија“, изјавил во вторникот, портпаролот Брег Иглсон, објаснувајќи дека вмешаноста на Муред, само говори за хиреархијата на команда, која доаѓа од киднаперите од саудиската амбасада, па се до одделението за исламски работи во Лос Анџелес, пренесува српски Курир.
Се верува дека Џарах им наредил на двајца државјани на Саудиска Арабија, радикалниот свештеник Фахад ал Тумаири и осомничениот саудиски известувачки агент Омар ал Баиомиј, да му обезбедат стан во Лос Анџелес, банкарски сметки и многу пари.
Имињата на Тумаири и Омар беа декласифицирани уште во 2016 година, откако претходно Комисијата свикана за 11. септември ги заштитила во еден од извештаите. Тие сега конечно се откриени, но името на човекот кој ги обвинил дека ги чувале киднаперите, останува државна тајна.
Агенцијата направила неверојатни работи, за да го сокрие името на Муред, пишува српски Курир. Тие со години за време на судските процеси, го немаат спомнато неговото име на семејствата на жртвите.
Во септември, на семејните адвокати, конечно им било дозволено да го видат заштитеното име, но само ако ветат дека нема да го откријат на своите клиенти или во јавноста.
Истиот ден, генералниот обвинител Вилијам Бар, поднел барање, сите материјали кои семејствата ги сакаат, да бидат прогласени за државна тајна.
Семејствата на жртвите на 11. септември, конечно можеа да поднесат тужба против Саудиска Арабија во 2016 година, тврдејќи дека Кралството им овозможила голема материјална поддршка на киднаперите за време на нападите, откако Конгресот го укина ветото на тогашниот претседател Барак Обама, на Законот за правда против спонзори на тероризмот. Претходно, Ријадот бил заштитен со суверен имунитет.
Кралството, остро ги негирало сите информации за било каква вмешаност во нападите. Министерството за правда се соочува со правни предизвици од истражниот одбор на 11. септември, кое минатата година изнело наводи дека заташкувањето на адвокатската комора на САД, помогнало во постапката на Големата порота.
На тужбата се приклучиле неколку семејства на жртвите и противпожарната единица на „Франклин Скуер Мунсон“.
Извор/Курир.рс
Текстот Висок дипломат на Саудиска Арабија, учествувал во нападите на кулите близначки е превземен од Reporter.mk.