Ли Венлианг, кинескиот лекар кој медиумите двапати го погребаа, бил на мета на властите во Кина, пренесуваат тамошните медиуми. Ли е кинески лекар, кој за време на големата конфузија, кинеските медиуми прво јавија дека офталмологот починл, откако и самиот се заразил со опасниот вирус.
Потоа „Глобал Тајмс“ ја демантираше информацијата, велејќи дека лекарот е во критична состојба, додека на крајот и самата болница не се огласи и објави дека Ли починал. Тамошните медиуми пренесуваат дека кинеските власти толку ја цензурирале веста за него, што е непознато дури ни точното време на неговата смрт.
Наводно Ли бил еден од осумте лекари кои полицијата ги казнила поради ширењето на лажни вести, неколку недели пред властите да признаат дека епидемијата е сериозна. Уште на крајот на декември, Ли предупредил на појава на нов коронавирус во Вухан, откако претходно ги видел резултатите од тестирањата на еден пациент.
На почетокот се сомневал дека е во прашање вирусот САРС. Тогаш кинеската мрежа „Вичет“ напиша: ‘Има седум потврдени случаи на САРС на пазарот за морска храна Хуанан’. „Последната вест е дека е потврдено дека е во прашање инфекција на коронавирус, но станува збор за еден подвид на вирус“, подоцна додал Ли.
На 31. декември Вухан ја откри појавата на 27 случаи на воспоаление на бели дробови со непознато потекло. Ден подоцна, полицијата приела осум луѓе поради ширње на лажни коментари на интернет.
Ли е цензуриран поради „изнесување на лажни коментари на интернет“ и е натеран да потпише писмо во кое тој тоа го признава, со ветување дека тоа нема повторно да го прави. Освен Ли, истиот ден бил предупреден и друг лекар од Вухан, Сје Линк.
На 7. јануари идентификуван е нов вид на коронавирус, како што е САРС, кој во 2003 година усмртил 800 луѓе, одговорни за избивање на епидемијата. Во меѓувреме, Ли се заразил во болницата во која работал. Добил грозница и кашлал, а симптомите само се влошувале.
Како што и самиот Ли навел на 10 јануари почнал да кашла, а следниот ден имал висока температура. Заминал во хотел, за да не го зарази семејството. Тој е примен на одделението на интезивна нега, каде бил сместен во карантин и го примал третманот. Поради недостиг на опрема за тестирање на новиот коронавирус, конечната дијагноза му била дадена дури на 30 јануари. Додека бил во болницата, Ли продолжил да објавува постови, а еднаш ветил и дека откако ќе се опорави, ќе продолжи да ја води борбата против вирусот.
Ли дал интервју за пекиншкиот младински весник, кој го контролира Комунистичката партија во која се присетува на декемврискиот извештај за необичната појава на воспаление на белите дробови поврзани со пазарот во Вухан.
„Ми кажаа да не објавувам инфорамции за ова преку онлајн мрежата. Подоцна епидемијата стана забележителна. Лично третирав инфицирана личност, чие семејство исто така беше заразено, па и самиот јас се заразив“, изјавил Ли.
Тој во интервјуто исто така ја подвлече сличноста со Џиангом Јанјонг, хирург кој станал херој, откако го подигнал алармот поради напорите на Пекинг да ја заташкаат домашната криза околу САРС во 2003 година.
Се огласи и тамошниот Врховен народен суд, велејќи дека среќна околност во целата работа било спречувањето на ширењето на новиот коронавирус и дека јавноста ги послушала гласините и ги усвоила мерките како носење на маски, строга дезинфекција и избегнување на пазарите со диви животни.
Ли изјавил дека бил загрижен за тоа дека болницата ќе го казни поради ширењето на гласини, но дека чувствувал олеснување откако Врховниот суд јавно ја искритикувал полицијата. На крајот, Ли починал од инфекција на 6. февруари.
„Нашиот болнички офталмолог Ли Венлианг за несреќа е заразен со коронавирусот за време на неговата работа во борбата против оваа епидемија. Тој почина по неколку неуспешни обиди да го оживееме“, навеле од централната болница Вухан.
Но, точното време на неговата смрт стана предмет на контроверза, затоа што кинеските државни медиуми со часови претходно известувале за тоа. Неговата смрт подигна бура во кинеската јавност. Инаку, Ли Венлианг е роден на 12. октомври 1986 година во Бидџен во провинцијата Лјаонинг.
Студиите по медицина ги запишал во 2004 година Универзитетот Вухан, а седум години подоцна добил диплома за завршени мастер студии и се вработил во Сјамен во провинцијата Фуџен на три години. Во Вухан се вратил во 2014 година, како офталмолог во Централната болница.
Wuhan Central Hospital said on Weibo that Li Wenliang is still under emergency treatment. GT reporters heard people weeping inside ICU. Li was one of the 8 whistleblowers who tried to warn other medics of the #coronavirus outbreak in Dec but were reprimanded by Wuhan police. pic.twitter.com/UgSLSCvaDK
— Global Times (@globaltimesnews) February 6, 2020
Ли и неговата сопруга имале едно дете. Неговата жена била трудна со другото дете кога Ли починал. Откако почнал да ги добива симптомите, тој заминал во хотел за да не го зарази семејството, пред да биде хоспитализиран на 12. јануари. Но, неговите родители сепак биле заразени со коронавирусот.
По смртта на Ли, некои медиуми известувале дека неговата бремана жена го напуштила Вухам со првото дете и нејзините родители. Претходно во ноември Ли објавил фотографија од Кинескиот ѕид и изјавил дека има желба еден ден таму да го однесе младиот Ли. Тој ретко објавувал фотографии од своето семејство на интернет.
Една од неговите шеговити објави, која привлекла внимание на интернет била објавата за крајот на светот. Ли прогнозирал дека тоа ќе се случи на 21 декември 2012 година.
„Драги пријатели, по денешниот ден можеби ќе изгубите контакт со мене, затоа што одам да го спасам светот. Ако видите дека сонцето се издика како и вообичаено на 22. декември, тоа значи дека сум успеал. Но, не ми заблагодарувајте за тоа. Тоа е мојата должност“, напишал Ли.
Текстот Властите во Кина се обидувале да го замолчат лекарот кој го откри коронавирусот е превземен од Reporter.mk.