Смртта на внуката на поранешниот американски претседател Роберт Кенеди, Серша ја потресе американската јавност. Американските медиуми пишуваат дека нејзината смрт настанала во чуден период, а она што ги потресло нејзините најблиски е нејзината изјава дека некоја личност која таа ја познавала ја преминала строгата сексуална граница, која таа ја имала. Тоа е нешто кое ја натерало да посегне по својот живот, пишуваат светските медиуми.
Зачудува и тоа што само пет дена пред нејзиното самоубиство, нејзиниот вујко објавил фотографија на која се гледа како Серша ужива во семејниот дом и се вози на јахта, пишува Heavy. Ништо претходно не укажувало дека по само пет дена по заминувањето на семеен риболов, ќе се случи трагедија.
Серша била студентка на колеџот Бостон. Светските медиуми пренесуваат дека девојката починала од предозирање, со што се додава уште една мистериозна смрт во кланот Кенеди. Таа починала откако во семејниот дом пристигнала екипа на Итната помош.
Имотот на кој се случила смртта на младата девојка, било омилено место на семејството Кенеди и чува спомени од дамнешните времиња, а особено од периодот на владеењето на Кенеди. Овој имот во 1926 година дошол во посед на семејството Кенеди, а во 1928 година, станал нивен легален имот.
Денеска овој дом е приватен и заштитен од јавноста. Иако не е дозволена посета, имотот може да се види од далечина.
Серша во 2016 година пишувала за тоа како се бори со депресијата и како успеала да преживее уште еден обид за самоубиство. Била политички активна, а особено интерес покажала за движењето #meteoo и проблемите со контролата на оружје.
Семејството ја објавила веста дека е скршено од болка по веста за тоа дека младата Серша починала. Таа била ќерка на Кортни Кенеди Хил, ќерката на убиениот Роберт Кенеди и Пол Мајкл Хил, еден од четворицата осомничени за поставување на бомба во два паба, за што на крајот се испостави дека неправедно бил осуден на 15 години затвор.
Двојката се развела по 13 години брак. Серша престојувала на семејниот имот кога се случила трагедијата, а нејзината мајка потоа објавила голем број на нејзини фотогорафии на „Фејсбук“ во знак на нејзино сеќавање.
„Нашите срца се скршени од губитокот на саканата Серша. Нејзиниот живот бил полн со надеж, ветувања и љубов. Светот денес е грозно место. беше страствен борец за човековите права на жената и сакаше светот да го направи поубав. Работеше на тоа да се изградат школи во Мексико. Ги исполнуваше нашите животи со љубов, насмевки и дарежлив дух“, изјавила нејзината баба Етел Кенеди (91).
Повикот за помош од куќата е упатен во 14:30 часот, а лекарите на Итната помош биле известени дека станува збор за предозирање. Деталите засега не се познати. Серша била претседател на демократите на колеџот „Бостон“, а покажувала интерес и за борбата против оружјето и сексуалното вознемирување во кампусите.
Често на својот „Твитер“ објавувала пораки со поддршка до жртвите и апел до надлежните да се борат против насилството. Серша во 2018 година се појавила на „Маршот за нашите животи“, со нејзината мајка и со тоа покажала колку се залага за контрола на оружјето.
Сакала да ги спои политиката со медиумите, а себе си се опишувала како одличен говорник. Сакала да студира и да биде подготвена да допринесе за национален дијалог во врска со прашањата кои најмногу ја мачат јавноста. Требало да дипломира во 2020 година и да заврши колеџ како успешен студент.
„Била студентка која на предавањата секогаш изнесувала свое мислење и сваќањата од прочитаната литература, со одлична критика за предизвиците во општеството“, ја опишал еден од нејзините професори.
Во една своја впечатлива колумна Серша говорела за својата борба со проблемите кои ги имала со менталното здравје.
„Кога сте биле мали, дали сте имале пријатели со кои вашата мајка ве терала да се дружите и покрај тоа што не сте сакале? Тие пријатели постојано ќе ви се појавувале и вие ќе сте биле збунети. Тогаш, затоа што тие постојано се присутни, вие ќе се навикнете на нив. Тие никогаш нема да си заминат од вас и со време ќе ви стане пријатно што се тука покрај вас. До минатата година, ова беше ситуација со мене и мојата ментална болест. Депресијата пушти корења додека јас одев во школо и ќе биде со мене до крајот на мојот живот. Иако бев среќно дете, чувствував длабока тага која силно ме притискаше. Кога почнав да студирам, притисокот стана уште поголем“, напишала Серша.
Текстот Внуката на Кенеди не сакала да се убие? е превземен од Reporter.mk.