Внуката на Садам Хусеин напишала книга за заговорот против нејзиното семејство

Внуката на поранешниот лидер на Ирак, Садам Хусеин, Харез Хусеин Камел, вели дека напишала книга со која сака да ја расветли вистината за тоа што навистина се случило со нејзината земја и семејството пред 2003 година.

Камел вели дека луѓето имаат погрешна претстава за тоа што се случувало во нејзината земја и вели дека чувствувала одговорност да ги разјасни нападите на нејзиното семејство и начинот на кое тоа владеело со земјата.

„Избрав да напишам книга за да ја обелоденам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно претставена. Затоа одлучив да ја раскажам приказната за своето семејство. Напишав книга која се обидоа да ја дискредитираат“, изјавила Харез Хусеин Камел.

Садам Хусеин владел со Ирак речиси 25 години, се додека не беше подложен на инвазија под водство на САД во 2003 година, а подоцна и погубен. Хусеин беше обвинет за бројни кршења на човековите права за време на својот мандат. САД испратија трупи во оваа земја, тврдејќи дека Хусеин има оружје за масовно уништување.

Подоцна кон ирачкиот лидер беа поднесени обвинувања дека е поврзан и со терористичката исламска групација „Ал-Каеда“. Двете обвинувања подоцна се покажаа како лажни, а инвазијата на Ирак ја внесе нацијата во долготрајна граѓанска војна што на крајот доведе до засилување на Исламската држава.

Текстот Внуката на Садам Хусеин напишала книга за заговорот против нејзиното семејство е превземен од Reporter.mk.