Во Америка уапсен човекот кој се смета дека го произвел и го продал коронавирусот

Доктор Чарлс Либер, професор од Харвард, е уапсен вчера поради економска шпионажа и кражба на територијата на САД, пренесоа американските медиуми. Но, теоретичарите на заговор веруваат дека Либер е тој што го произвел и ѝ го продал коронавирусот на Кина. Ова засега не е потврдено од американските федерални власти.

60-годишниот Либер, кој е раководител на Одделот за хемија и биологија на универзитетот Харвард, имал своја лабораторија и на универзитетот во Вухан. Тој наводно добил околу 1,5 милиони долари од кинеските власти за да ја создаде лабораторијата во универзитетот во Вухан. Либер заработувал по 50.000 долари месечно, а му биле платени и дополнителни 158.000 долари за животни трошоци.

За сето тоа време, тој бил активен професор на Харвард и добивал грантови за истражување од американската влада и лекарска асоцијација.

Текстот Во Америка уапсен човекот кој се смета дека го произвел и го продал коронавирусот е превземен од Reporter.mk.