Во Берлин отворено школо за шпионажа

Германската истражувачка агенција во Берлин, денес отворија школа за шпионажа. Шефовите на странските и домашните известувачки агенции, денес и официјално отворија Центар за обука за известувачките служби, во близина на местото каде се наоѓа Берлинскиот ѕид, кој претходно го делеше градот на два дела.

Берлин се смета за град кој во текот на студената војна бил наречен „престолнина на шпионите“. Овој град е клучна точка за шпионажа, велат експертите.

Официјаните германски лица велат дека на ова место агентите ќе бидат обучувани како да се справат со сајбер нападите и светските терористи. Новиот центар ќе содржи работилници и хемиски лаборатории. Школата за шпиони се наоѓа во новото седиште на известувачката агенција BND, која беше отворена на почетокот на оваа година и има простор за 4000 вработени.

 

Текстот Во Берлин отворено школо за шпионажа е превземен од Reporter.mk.