Хотелот „Гринбрајер“ се наоѓа на речиси пет часа оддалеченост од главниот град на САД, Вашингтон, и се рекламира како место во кое само мал број богати Американци се одмораат од 1778 година кога бил изграден.
Во него може да престојуваат неколку одбрани лица, како што се 26-те американски претседатели и неколку европски кралеви. Војводата и војвотката од Виндзор престојувале во луксузниот претседателски апартман во хотелот, но ниту тие не биле запознаени со неговата тајна.
Со тајно име „Проект грчки остров“ на крајот од 50-тите години од минатиот век американската влада почнала со изградба на бункер кој во случај на нуклеарна војна бил наменет за заштита на членовите на Конгресот.
Ова изгледало како разумна идеја во новата атомска доба и било логично да им се обезбеди безбедноста на оние што се одговорни за функционирање на владата што морала на безбедно место да ги носи законите.
Само мал број луѓе знаеле за постоењето на бункерот во „Гринбрајер“. На членовите на Конгресот им кажувале откако ќе се преселеле.
Поради тоа што не дошло до нуклеарна апокалипса, за која првично било изградено ова место, повеќето од конгресмените никогаш не биле известени за неговото постоење.
Изградбата почнала во 1958 година и траела 2,5 години. На градежните работници, вклучително и хотелиерите и гостите, им било кажано дека се гради нов конференциски објект.
Бункерот во „Гринбрајер“ е заштитен со бетонски ѕидови дебели и до еден метар и дополнителна бариера од челик. Покривот е дваесет метри под земја, но бункерот не бил само подземно засолниште. Имал многу софистициран систем на вентилација, кој е дизајниран не само за циркулација на воздухот туку и за филтрирање на зрачењето.
Комплексот исто така вклучувал и просторија за специјално дизајнирање за одржување на седниците на Конгресот, заедно со одделни седишта за сите членови што имале микрофони. Сенатот имал и своја просторија, како и персоналот од Белата куќа, а за заеднички состаноци биле предвидени посебни соби.
Во масовниот бункер сместено е и ТВ-студио, а членовите на Конгресот било планирано да спијат во војнички кревети.
Во хотелот вработените се грижеле резервите храна и лековите да бидат редовно обновувани.
Бункерот останал во тајност цели триесет години. Дури и кога „Вашингтон пост“ ја открил приказната, „Гринбрајер“ го негирал постоењето на бункерот. Нема атомско засолниште, ниту владин објект.
Новинарот на „Пост“ бил во опасност да биде обвинет дека открил строго сочувана тајна, но тој се бранел дека бункерот веќе бил застарен.