Шведска во последните два дена забележа најмал број на смртни случаи од коронавирус. Вчера од коронавирус во оваа земја починаа 17 луѓе, додека денес овој број е уште помал, само дванаесетмина.
Ова е голем пад на бројот на мртви во однос на претходните денови, особено во споредба со средата кога починаа повеќе од стотина луѓе. Од средата до петокот, во Шведска секој ден умираа повеќе од 90 луѓе. Покрај тоа, Шведска бележи големо намалување на бројот на нови случаи.
Во неделата пријавени се 446 нови случаи, додека денес постојат 332 нови случаи. Во однос на неколку дена претходно, ова е речиси двојно помалку. За потсетување, повеќе од 720 нови случаи се пријавени во четвртокот и петокот.
До денес во Шведска пријавени се 10.151 случаи, а 887 се починати. Шведска не се откажува од благите мерки. За потсетување, за разлика од поголемиот дел на Европа, Шведска не воведе строг карантин, не ги затвори школите, кафичите, рестораните и баровите. На луѓето не им беше забрането да излегуваат, но се препорачуваше да се самоизолираат откако ќе забележат и најмал симптом на коронавирус.
Собирање на повеќе од 50 луѓе на едно место беше забрането. Најзагрозните старосни групи, или луѓето постари од 70 години, беа советување да не ги напуштаат своите домови и да го намалат социјалниот контакт. Остатокот од жителите слободно можеше да се движи, а Швеѓаните се надеваа дека кај младата и посилната популација ќе се развие имунитет и така ќе ја преживеат кризата.
Два дена откака Шпанија на 14. март прогласи карантин, Шведска ги советуваше своите граѓани да мијат раце и да останат дома ако се болни. Десет дена подоцна, граѓаните беа советувани да не создаваат гужви во кафичите и рестораните, но и понатаму истите беа отворени.
„Затворањето на школите беше голем удар за здравствениот систем затоа што голем број од вработените не можеа да дојдат на работа и мораа да останат дома заради децата. Децата исто така трпеа затоа што не можеа да одат во школо, а тоа не е она што го сакаме“, изјави шведскиот епидемиолог Андрес Тегнел.
Дописникот на „Си-Ен-Ен“, од Стокхлом изјавил дека на улиците и во подземните железници има далеку помал број луѓе и дека очигледно граѓаните се придржуваат до упатствата, но и свеста на јавноста на големо се разликува.
Додека некои не сакаат ниту да ги бакнуваат своите најмили, други организираат велигденски ручеци и забави. Но, постојат и такви кои воопшто се согласуваат со шведската тактика.
Неименувач член во владата изјавил дека владата не успеала да ги заштити постарите, за што најмногу се разговарало. Посетата во старечките домови на пензионерите и старите лица беа укинати на 1. април, а сега почнува да се шири заразата што е тешко да се спречи. Не е задоволна ниту Светската здравствена организација.
СЗО ја повика Шведска на голем број построги мерки и подобра подготовка за огромниот пораст на бројот на заразени, кој се смета за неизбежен.
„Во моментов никој во светот нема точни насоки за тоа како треба да се бориме против оваа болест. Шведската стратегија не вели дека вирусот е слаб и дека треба да го потцениме, напротив, свесни сме за ситуацијата, но нема докази дека строгиот карантин ќе донесе резултати. Дури по шест месеци ќе можеме да повлечеме црта и да кажеме чиј пристап бил подобар“, изјавил за „Слободна Далмација“ шведскиот неуролог и анестезиолог Клаес Хултинг.
Тој вели дека Швеѓаните според менталитет се различни од луѓето на Медитеранот и дека Швеѓаните, кога ќе им се каже дека нешто не треба да се прави, тие постапуваат во согласност со тоа и без строгите забрани.
„Не можеме да ја уништиме целата економија, да ги затвориме сите по дома и не сте сигурни како таа мерка навистина ќе влијае на епидемијата. Мерката на тотална блокада, сигурно, може да ја уништи економијата и животите на граѓаните и да не погоди сите многу полошо и од вирусот. Тотален карантин, како што може да се види за пример во некои земји делува, но по која цена и до кога треба да се одржува таквата тактика? Нашата стратегија е да го намалиме контактот, особено на постарите луѓе и на оние кои имаат хронични болести. Сите заразени луѓе и сите нивните контакти се ловат, а системот е воспоставен така да навистина се изолираат семејствата и пријателите кои се заразени, а не целата земја. Ова засега делува затоа што Швеѓаните, ако се во изолација, не излегуваат надвор за да ги загрозат и другите“, вели лекарот.
Тој додава дека моделот кој го користи Шведска може нема да успее во другите земји.
Текстот Во Шведска нема мерка карантин, а бројот на заболени од коронавирус се намалува е превземен од Reporter.mk.