Леонардо да Винчи наводно октрил дека крајот на светот ќе се случи во 4006 година и со тоа ја оставил тајната порака во едно од своите најголеми дела.
Уметникот од 16 век, широко се смета за најголемиот интелектуалец на сите времиња и често поради своите дела го нарекуваат и гение. Неговото најпознато дело, Мона Лиза, го држи Гинесовиот рекорд за највисока вредност, осигурана од преку 700 милиони фунти.
Но, „Тајната вечера“, е речиси еднакво позната во светот, како најкопирана религиозна слика некогаш. Уметничкото дело ја претставува сцената од последната вечера на Исус Христос со апостолите, како што е опишано во Еванѓелието по Јован 13:21.
Да Винчи претставил како се чувствувале апостолите кога Исус објавил дека еден од нив ќе го предаде. Но, во делото можеби е сокриена и тајната порака за крајот на светот, се открива во серијата „Топ 10 мистерии и тајни“.
„Тој се потрудил да го истакне бројот три“, се наведува во документот од 2017 година. Постојат три прозори и три групи апостоло. Дали едноставно сакал да го истакне верувањето за Светото тројство, или фотографијата крие нешто многу повеќе?“, се прашуваат авторите на документарецот.
Овие шпекулации не престануваат затоа што се смета дека броевите кријат мрачно пророштво за крајот на светот. Според зборовите на Сабрина Сфорц Галиција, истраживач од Ватикан, Да Винчи ја предвидел глобалната поплава на 21 март 4006 година, која, како што тврди, ќе ја уништи човековата раса.
„Постои Да Винчи код, а тоа не е само оној кој го популизирал Ден Браун“, вели Сабрина. Галиција ја прегледала таписеријата од „Тајната вечера“, направена за кралот Луј XIII, која е заснована на сликата на Да Винчи.
Работела и на продолжението да го објасни „Кодот на Да Винчи“, кој ги вклучува и знаците на Зодијакот и неговата употреба од 24 букви во латинското писмо, за да ги претстави 24 часа во денот. Таа тврди дека разбрала дека Да Винчи го предвидел крајот на светот со универзалната поплава, која веројатно ќе започне на 21 март 4006 година и ќе заврши на 1. ноември истата година.
Текстот Во „Тајната вечера“ на Да Винчи се крие загатката за крајот на светот е превземен од Reporter.mk.