Дел од Северната команда на американската војска, задолжен за националната безбедност се изолираше во бункер во планината Чејен во Колорадо во близина на Колорадо Спрингс, додека коронавирусот се рашири низ целата земја.
US Airforce Gen, Terrence O’Shaughnessy, head of NARAD & NorthComd & his team of professionals went into Cheyenne MOUNTAIN BUNKERS having chain of tunnels buried under 2,000 ft of granite designed to withstand Nuc blast, to wait out Covid-19 pandemic. https://t.co/2J9a95d6ch
— M.Yahya (@Gorgh) March 28, 2020
„За да се осигураме дека можеме да ја одбраниме татковината за време на оваа пандемија, нашите команданти и контролни екипи се стационираа во бункерот и се поделија во повеќе смени. Имаме и трет тим кој работи на алтернативна локација“, изјавил генералот на воздухопловните сили Теренс Ошонеси, шефот на Северната команда на САД и „НОРАД“.
„Нашите професионални тимови од „НОРАД“ и „НОРТХКОМ“, ги оставија своите домови, се збогуваа со нивните семејства и се изолирани од сите за да се осигураат дека секој ден ќе бидат во можност да застанат во одбраната на нашата земја. Тоа сигурно не е оптимално, но е апсолутно потребно со оглед на ситуацијата“, објаснил Теренс.
Командата има превземено такви чекори за да го осигура персоналот за тој секојдневно да ја надгледува пандемијата на вирусот „Ковид-19“, додека болеста се шири низ земјата и светот.
„Моја главна грижа е дали ќе има простор во планината за сите кои ќе сакаат таму да се вселат, а не смеам да откријам кого се имаме повикано“, вели Ошонеси.
„НОРТХКОМ“ и „НОРАД“ завземаат 30% од просторот фо комплексот во Колорадо. Ако персоналот кој работи во бункерот се разболи, постои трет тим составен од високи воени официјални лица, кои работат на друга тајна локација. На почетокот на оваа недела, морнарицата забележала неколку случаи на зараза со коронавирусот.
Заразата се раширила меѓу персоналот на носачите на авиони од класата „Нимиц“ со седиште во Тихиот океан. Персоналот на „НОРТХКОМ“ и „НОРАД“, сега за сега се во изолација, а оние кои таму работат, веројатно уште некое време нема да можат да си ги видат семејствата, со оглед на тоа што борбата со вирусот ќе трае со години.
„Ова е маратон, а не спринт“, вели генералот.
Од Пентагон велат дека на други воени официјални лица, нема да им биде дозволено да влезат во планинскиот бункер „Чејен“, поради страв дека „Ковид-19“ може да се рашири во комплексот.
Најбезбедното место на Земјата
Базата „НОРАД“ се наоѓа зад блиндирани врати од 23 тони и веројатно претставува најбезбедното место на Земјата. Базата почнала да се гради во 1960 година од минатиот век, кога во планините се пробиени низа на тунели, кои денес се полни со високотехнолошка опрема за надгледување и следење.
Постројките во планината Чејен се завршени на 8. февруари 1966 година и служат како секундарно седиште на „НОРАД“, по воздушната база „Петерсон“, во округот Ел Пасо. Бункерот се наоѓа околу 600 метри под планината и може да се запечати со две огромни бетонски врати и челик кои е дебел околу еден метар.
Срцето на комплексот е составен од мрежа од шест тунели широки до 12 метри и со висина на три ката. Тие поврзуваат 15 згради изградени од челични плочи, направени на масивни извори кои можат да ја апсорбираат нуклеарната експлозија или земјотрес. Гранитот и челикот исто така ја штитат електрониката од разорните електро-магнетски импулси кои произведуваат нуклеарна експлозија.
Текстот Воениот врв на САД поради коронавирусот се забарикадира во бункер под планина е превземен од Reporter.mk.