Аналитичари од Институтот за безбедносни студии со седиште во Париз за најголем проблем на Балканот го сметаат договорот околу прашањето за Косово, а потоа и тоа за Босна и Херцеговина со цел да се постигне трајно одржливо решение за сите актери.
Како ќе изгледа западниот Балкан во 2025 година? Дали ќе просведочиме на прогласената независност на Република Српска, влошување на односите меѓу Косово и Србија и порастот на националната напнатост на делови од регионот, или ќе го славиме влезот на Црна Гора, и Србија во ЕУ, со добра причина за надеж дека и остатокот од регионот наскоро ќе ги следи?
На овие неколку прашања преку кои ќе се развиваат односите внатре и меѓу земјите во Западен Балкан, потенцијални одговори понудиле од Институтот за безбедносни студии на ЕУ, во кои не е исклучена ни можност за избивање на нова војна до 2025 година.
„Следните седум години ќе бидат пресудни за европската иднина на западен Балкан. Неизбежно, регионот ќе мине низ социјално, политички, економски и безбедносни реформи кои можат да донесат големи можности, но и да предизвикаат тешки опасности за општеството од западен Балкан.
Владите во регионот ќе бидат соочени со голема низа на предизвици, од фискална консолидарција, решавање на билатералните прашања, борбата против заробените држави, невработеноста и јавниот долг, до согласување на надворешната политика со Унијата и решавање на кризните ситуации, се наведува во студијата на ИСС.
Сликовито „исцениран“ конфликт
Аналитичарите предвиделе три сценарија, од кои сите се остварливи, од влезот на Србија и Црна Гора во членството на ЕУ, до продолжување на заостанувањата, а третото најлошото се нарекува „Духовно минато“, сценарио во кое се вклучени и конфликти. Дури опишан е и потенцијалниот распелт во 2025 година, во кој се предвидени распоредување на набљудувачки мисии на Косово и Босна и Херцеговина за да посликовито се предупреди на потенцијалните опаности од таквиот расплет. Дури се прецизира и можниот датум за избивање на конфликтот на северниот дел на Косово.
Во Република Српска е одржана свеченост во надлежност на рускиот министер за надворешни работи. Стравот од втората војна е опиплив. ИСС многу сугестивно и сликовито наведува дека ваквиот расплет кој има шанси да успее ако процесот на интеграции во ЕУ не се одвива како што предвидува политичкиот план.
Како вовед на случувањата во БиХ, се смета потенцијалниот пропаднат дијалог меѓу Србија и Косово, по што би дошло до поделба на територијата. Тоа би предизвикало и одделување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а би ги поттикнало и сецесионистичките тежнеења на други национални општини во целиот регион.
„Поместувањето на границите на Балканот не би минало без крвопролевање. Вооружените конфликти околу новонастанатите граници, како и насилните инциденти на подрачјата со населени национални малцинства“, се наведува во извештајот.
Тоа подразбира зголемување на руското влијание на Балканот, посебно во делот на Република Српска. Овој играч европскиот институт го смета еднакво обасен за стабилноста. Исто така наведени се и односите на Турција и арапскиот свет, но и Кина која се повеќе е зависна од овие подрачја со доделување на заеми кои земјите од западен Балкан не се во способност да го вратат.
Текстот Војна, застој или напредок – што заговара ЕУ за западен Балкан? е превземен од Reporter.mk.