Врабтени во Фејсбук, повторно се кренаа против својот шеф Марк Цукенберг обвнувајќи го за шионажа и продавање на приватни податоци на корисниците на социјалната мрежа, пишува „Дејли Мејл“.
Некои од вработените јавно проговорија за шпионирање на телефонски разговори и потпишување на тајни договори, со кои компанијата си обезбедила притап до личните податоци на некои од корисниците на социјалната мрежа.
Работниците од Фејсбук веќе подолго време говорат дека атмосферата во социјалниот медиумски гигант е „токсична и непријателска“, особено откако во јавноста се обелоденија скандалите со шпионирање на корисниците и споделување на информации од приватен карактер.
Цукенберг синоќа морал да реагира, отфрлајќи ги сите обвинувања и правдајќи се дека компанијата никогаш не продавала ниту давала никакви приватни податоци и информации на никого.
Цукенберг исто така ги отфрли обвинувањата од страна на британскиот пратеник Дамјан Колинс, кој проговорил за малверзациите направени од челниците на Фејсбук за време на менувањето на платформата на социјалната мрежа во 2015 година.
Цукенберг тогаш се правдаше дека главната цел на компанијата била да се спречат навредливите содржини на платформата.
Текстот Вработени во „Фејсбук“ го обвинуваат Марк Цукенберг за шпионажа е превземен од Reporter.mk.