На веб страницата на данскиот парламент е објавен нацрт закон според кој, ако се усвои, државјаните во оваа земај можат да одговараат кривично ако завземат проруска позиција, пишува данскиот весник Berlingske.
Според нацрт законот, на жителите на Данска им се заканува 12 години затвор доколку нивните изјави во текот на предизборните кампањи се разликуваат од службениот став на властите, се наведува во текстот.
Весникот наведува примери од постапката за која нацрт законот предвидува казни: Сметање во јавна расправа, како и обид за влијание на процесот на носење на одлуки.
„Под законот потенцијално спаѓа и ситуацијата кога некој странски известувачки агент говори дека би било добро да се заменат светилките во тоалетот на некоја институција, а данскиот директор го послуша неговиот совет“, вели весникот.
На тој начин, ако Данецот одлучи дека антируските санкции се штетни за Данска и го објави своето мислење во медиумите, на него му се заканува казна.
Слично ќе заврши и обидот на некој начин да се влијае на мислењето во корист на имплементација на проектот гасоводот „Северен ток 2“.
Овој нацрт закон, според мислењето на авторот на текстот, може да се смета за обид за заплашување на данското општество, затоа што се работи за легитимни ставови на граѓаните кои се одвиваат во јавните дискусии, но кои може да се сметаат за пропаганда.
Конгресот на САД води независна истрага за мешањето на Русија во изборот за претседател на САД на кои победи Доналд Трамп. Слична истрага води и ФБИ. Дел од европските земји исто така ја обвини и Русија за мешање во нивните внатрешни работи.
Русија во повеќе наврати ги отфрли обвинувањата за обид дека влијае на изборите во различни земји, а портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков, ги нарече апсолутно неосновани.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергел Лавров, говорејќи за наводното мешање на Русија во изборите во САД, и другите земји, изјави дека нема никакви докази кои тоа го потврдуваат.
Текстот За проруски став на граѓаните им се заканува 12 години затвор е превземен од Reporter.mk.