За време на анексијата на Крим, Путин ѝ се заканил на Европа со војна

Рускиот претседател Владимир Путин, во екот на конфликтот со Запад, поради анексијата на Крим ѝ се заканил на Европската унија, дека ќе ѝ испрати руска војска, откриваат германските медиуми.

Путин испратил трупи во Крим во 2014 година, анексирајќи го регионот кој и припаѓаше на Украина. Таквиот потег го осудија западните лидери. Тоа ја наљути и Украина, земјата која од тогаш ги трпи големите внатрешни конфликти, што довело до зголемување на тензиите во Источна Европа.

Според германскиот весник „Зидојче цајтунг“, Путин наводно му пренел на тогашниот украински претседател Петро Порошенко, дека за два дена може да ги префрли руските трупи во Киев.

„Ако посакам, за два дена можам да ги имам руските трупи, не само во Киев, туку и во Рига, Вилниус, Талин, Варшава и Букурешт“, му порачал Путин на Порошенко.

Наводната закана на Путин има сличности со забелешката која ја кажал Жозе Мануел Баросо, поранешниот претседател на Европската комисија, во која предупредил, дека ако сака, може да го завземе Киев за две недели.

Истата недела кога тоа го кажал, Украина го ратификуваше историскиот договор за придружување со Европската унија, со што земјата беше ставена на пат кон евентуалното членство во Европската унија.

Тоа беше исходот кој рускиот претседател Путин, сакал да го избегне, затоа што имал за цел да го зголеми влијанието на Москва во поранешните републики на Советскиот Сојуз.

Тоа беше првпат Путин да разговара за идејата, за руски трупи бидат во некои држави членки на ЕУ или НАТО.

Предупредувањето за можноста да испрати руски трупи во престолнините на Латвија, Литванија, Естонија, Полска и Романија, беше закана за предизвикување на војна со земјите на НАТО, кои со членот пет од договорот, се обврзани да помогнат, ако некоја од нив е нападната од странска сила.

 

Текстот За време на анексијата на Крим, Путин ѝ се заканил на Европа со војна е превземен од Reporter.mk.