Директорката од „Хјуман Рајтс Воч“, Мери Варехам, предупреди дека роботите во иднина потенцијално би можеле да избришат и уништат голем дел од човечката популација. Варехам објасни дека станува збор за роботи убијци.
Таа смета дека употребата на автономно вооружување денес стана една од најголемите закани за човештото. Таа ги осуди водечките земји затоа што не превземале адекватни мерки за решавање на овој проблем.
Десетина земји веќе го повториле барањето и повикот да преговараат за договор за задржување на смислена човечка контрола над употреба на сила. 30 држави сакаат да го забранат автономното оружје, познато и како смртоносен автономен систем на оружје.
Изнесувајќи ги ризиците, Варехам напишала отворено писмо во кое навела и предупредила дека во трката за подобро оружје, големите воени сили полека ја губат контролата.
„Ваквото однесување го зголемува спектарот на неморални, неупадливи, воглавно неконтролирани вооружени системи. Системи на роботи убијци. Тоа исто така го зголемува стравот од ширење на оружје и трка која ќе доведе до глобална и регионална нестабилност“, напишала Варехам.
Директорката потенцирала дека многу земји почнале да алармираат на ваквиот систем на оружја, откако на средината на ноември годианва, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на годинешниот состанок на Конвенцијата за конвенционално оружје, повика на нов меѓународен договор за забрана на роботи убијци, наедувајќи дека машините кои имаат моќ и дискреција да убиваат без човечка интервенција, се политички неприфатливи и морално очајни.
Групата која се бори за спречување на роботите убијци, повика на глобален договор со кој ќе се забрани употреба на целосно автономно оружје. Мери Варехам изразила жалење поради фактот дека на состанокот на CCV во Женева не бил остварен никаков напредок во раздвижувањето на преговорите за договор и забрана или ограничување на таквото целосно автономно оружје.
Наместо тоа дражвите се согласиле следните две години да спроведат и развијат „нормативна и оперативна рамка“ за решавање на проблемите кои ги поставуваат таквите вооружени системи.
„Оваа нејасна цел е далеку од тоа што ни е потребно. Единствениот одговарачки одговор е отпочнување на преговори за забрана на роботи убици“, инститира Варехам. Според неа, јавноста сè повеќе стои зад ваквите забрани.
Речиси три од секоја четврта личност која одговорила на новата анкета во 10 европски земји сака нивната влада да работи на меѓународен договор за забрана на смртоносен систем на автономно вооружување, објавиле од „Хјуман Рајтс Ватч“, во ноември.
73% од испитаниците сакаат европските држави да превземат мерки за забрана за вооружување на системот кој би можел да бира и да ги нападне целите без смислена човечка контрола.
На пример, во Холандија 80% од испитаниците се залагале холандската влада да ја поддржи таквата забрана. Истражувањето, спроведено во октомври, опфатило испитаници од Белгија, Финска, Германија, Унгарија, Италија, Ирска, Норвешка, Холандија, Шпанија и Швајцарија.
Текстот (Заговор) Ако не се забрани нивното производство, роботите убијци можат да ја збришат целата човекова популација е превземен од Reporter.mk.