Поранешниот припадник на американската Централна известувачка агенција (ЦИА), Џери Чуан Синг Ли е осуден во петокот на 19 години затвор, откако федералниот суд во Вирџинија, го прогласи за виновец за шпионажа во корист на Кина. Џери ја напуштил ЦИА во 2007 година и се преселил во Хонгконг.
Во 2010 година го контактирале двајца припадници на кинеската известувачка служба и му понудиле стотина илјади американски долари и доживотно старателство во замена за информации до кои дошол кога работел во ЦИА, пренесува „Ројтерс“.
Парите биле префрлени на личната банкарска сметка на Ли, во периодот од 2010 година до 2013 година, во замена за информации за ЦИА.
Ли бил уапсен додека престојувал на Хаваите кога агентите на ФБИ во неговата хотелска соба нашле нотес кој ги содржел рачно напишани информации за ЦИА, наведува „Ројтерс“.
Медиумите од судски извори откриле дека ЛИ располагал со чувствителни информации за ЦИА, како што се банкарски сметки на американската агенција, локални оперативни состаноци, броеви на телефони и детали за тајните посторјки на ЦИА.
Текстот (Заговор) Американците осудија поранешен агент на ЦИА поради шпионажа во корист на Кина е превземен од Reporter.mk.