Најбогатиот човек на светот, милијардерот Бил Гејтс предупреди дека на човештвото му се заканува најголемата здравствена пандемија, која би можела да убие преку 30 милиони луѓе за само шест месеци.
Гејтс на една јавна дискусија за заканите по здравјето на човекот, кои беа претставени од страна на властите во Масчусетс во медицинското списание „Њу Инглaнд“ и „Медикал Асошиетед“, изјавил дека човештвото не го зема ова за сериозно и дека наместо да се подготвува како за војна, не се превзема ништо.
„Не сме подготвени. Иако напредуваме речиси во сите аспекти, постојат подрачја во кои нема напредок, а тоа е подготвеноста за избивање на здравствена епидемија“, изјавил сопственикот на „Мајкрософт“, кој е познат по своите пророштва, од кои некои од нив досега се оствариле.
Бил Гејтс изјавил дека иако по природа е оптимист, за жал мора да се потсетува дека светот воглавно живее во сиромаштија и дека мора повеќе да се бори да ги искорени болестите како што се маларијата или детската парализа.
Според Гејтс денес поединци или помали групи лесно можат да станат закана по човештвото ако се вооружаат со некои од опасните болести кои ги има во светските лаборатории. Ваквите болести можат лесно да се рашират како пожар ширум светот.
„Во нашиот вмрежан свет, луѓето постојано патуваат со авон, ги преминуваат континентите за неколку часа. На тој начин уште полесно може да се рашири вирусот низ светот. Веројатноста дека таква болест ќе се јави и понатаму расте. Постојано искачаат нови патогени со растот на светската популација. Тие го напаѓаат човештвото во помалкуте развиени средини“, вели Гејтс.
Основачот на „Мајкрософт“ направи симулација на Институтот за моделирање на болести и утврди дека новиот вирус, исто како грипот во 1918 година кога уништи околу 100 милиони луѓе, сега може да убие околу 30 милиони луѓе за само шест месеци.
„Новата болест ќе не изненади, затоа што со неа ќе се соочиме кога ќе избие, исто како што беше случај со вирусот САРС или МЕРС. Ако на светските влади им кажете дека оружјето со кое би можеле да убиете 30 милиони луѓе, во моментов е во изработка, тогаш сите би се ставиле во ситуација на итна подготовка од закана“, изјавил Гејтс.
Се проценува дека на еден квадратен метар на нашата планета во просек има околу 800 милиони вируси. Ако таквите бројки се комбинираат со неверојатната брзина со која тие се во состојба да се репликуваат, човекот почнува да разбира дека понекогаш тие можат да го измамат нашиот нервен систем.
Тешко е да се пронајде вакцина која делува. Исто така тешко е да се најдат и антивирусни лекови. Бактериите можат да бидат уништени од страна на антибиотици, додека кај вирусите ситуацијата е посложена.
„Кога се во прашање РНА вирусите, кои имаат ген составен од РНА, а не од ДНК, работите стануваат екстремни. Таквите вируси, кога се копираат, немаат систем за проверка на грешки, како што е ДНК, па мутациите се чести, што значи дека сите се нови соеви. Грипот, ХИВ, САРС, МЕРС, зика, ебола, парализа, риновирус, кои често се предизвикани од настинка, спаѓаат во оваа категорија“, вели Гејтс.
Милијардерот објаснува дека на научниците им е полесно со вирусите кои добро ги познаваат.
„Тука спаѓаат малите познати опасности како што е ентеровирусот 68, редок сродник на детската парализа, која особено ги напаѓа бебињата, децата и тинејџерите. Овој вирус е откриен во Калифорнија во 1962 година, за време на епидемијата на воспалување на белите дробови. Никој не тврди дека тој ќе биде оној кој ќе биде „новата црна смрт“, но тој ги исполнува сите критериуми“, оценува Гејтс.
Најинтересни се зоонозите, кои претставуваат болести кои ги предизвикуваат животните. Дури и епидемијата на грип од 1918 година, во која загинаа околу 100 милиони луѓе, почна да се шири од вирусот од птиците.
Текстот (Заговор) Бил Гејтс предупредува на болест која може да убие 30 милиони луѓе за шест месеци е превземен од Reporter.mk.