Обединетите Нации имаат агенда да го покорат целото човештво, сметаат теоретичарите на заговор. Нивниот план наречен Агенда 21 има за цел наметнување на светска влада и превземање на сите природни ресурси. Станува збор за шематски, акциски план за воспоставување на апсолутна контрола на целата вода, земја, сите билки, минерали, инфраструктура, средства за производство, едукација, енергија и информации.
Станува збор за најголемата пијар стратегија и план за целосно преформулирање на сè што постои на планетата и е произведено од страна на глобалниот корпоративен систем, предводен од светската влада.
Теоретичарите велат дека многу од работите кои се наведени во агената нема да се одразат на животот на човекот во физичка и економска смисла, но се работи за тотално превземање на општеството, државите, луѓето и животната средина, акција која ќе има за цел воспоставување на тотална и тоталитарна контрола.
Тие предупредуваат на целосна приватизација на природните ресурси и депопулација на планетата.
За геополитиката за Агендата 21 говори и авторот и врвен истражувач, Роза Коира, познат експерт во областа на физички проценител на комерцијалните недвижности. Во својата книга „Под зелената маска“ Роза ја објаснува Агендата 21. Таа вели дека работи на стратегија за делување на активистите ширум светот со цел разобличување и спречување на оваа реализацијата на ОН.
Коира е извршен директор на Post Sustainability институтот и покренувач на страницата Демократите против Агендата 21.
Тоа е она што се случува низ големиот број на мали градови, подрачја и држави во САД, Канада, Австралија, Британија, Нов Зеланд и ширум светот. Идеолошкиот концепт е комунитаризам. Се работи за политичка и социјална филозоија, која вели дека индивидуалните и социјалните права не се константни, туку дека мораат да бидат балансирани со правата на заедницата, а во случајот на Агендата 21 се работи за глобална заедница.
Во услови во кои правата на индивидуите се одредува од страна на Светската влада, поединецот секогаш ќе губи, смета Коира. Ваквиот концепт е во целосна спротивност со уставот на САД. Човекот се раѓа со права и тие права не може никоја влада да му ги одземе. Она што владата мора да работи е да ги поддржува и развива таквите права.
„Сега се бара од поединецот, неговите права да ги предаде на Глобалната заедница. За да го направи тоа, се користи кованицата: „Нова свест“. Агендата 21 од нас бара да го напуштиме стариот начин на размислување за себе си, за нацијата, за државата и светот и да почнеме да мислиме сосема поинаку. Не ли е тоа сон на секој тоталитарен проект?“, вели Коира.
За промена на свеста која е во плановите на Агендата 21, треба да поминат една до две генерации, а образованието е од најголемо значење. Образовниот систем во САД, од крајот на 19 век е осмислен така што ја прави американската популација поглупава и го прави човекот да ги прифати стандардите на Новиот светски поредок.
„Овој процес детално е анализиран во трудовите на Шарлот Изербит и Џон Тејлор Гатоа. Станува збор за двајца исклучителни аналитичари, кои овозможија да разбереме што се случувало во образованието во изминатиот период. Во книгата на Шарлот Изербит: Намерно затупување на Американците“, која претставува енциклопедија за образованието во САД е објаснето како американските едукатори се испратени во Германија, каде се тренираат и каде учат филозофија и психологија. Тие треба подоцна да го убедуваат човекот дека не поседува душа и дека може да биде прогрмаиран, како автомат или робот, како биолошки андроид, социјален инженеринг. Човекот на крајот е изманипулиран низ разни технички контроли, се со цел да биде убеден и свесен за тоа дека тој е еден дел од запчаникот на системот“, вели Коира.
Образованието според Агендата 21 на ОН, ќе се стандандизира на глоблано ниво според истиот принципт на моделирање на свеста кај луѓето, создавајќи „нова свест“, „нов човек“, апсолутно несвесен за силите кои управуваат со него. Се прави тоталната манипулација со човекот, преку магазините, филмовите, телевизиите, весниците или учебниците. Се користат планови за управување со вонредни ситуации, планови за спроведување на законите, прописи на храната, ограничување на енергијата, законодавни и правни одлуки. Сето ова не насочува и не присилува да ја прифатиме Агендата 21, како акциски план за идна егзистенција.
Одржливиот развој се однесува на промена на размислувањето и контрола во насока кон која човекот треба да се движи во иднина. Тоа е направена со помош на глобализацијата и која во основа претставува стандардизација на сите системи. Имате регионализација секаде низ светот, наместо национални граници. Регионализацијата претставува темелна конфигурација на светот и претставува идеален метод за конечно уништување на националните држави. Воспоставувањето на контролата и доминација над општеството се реализира преку јазикот, образовниот систем и медиумите, објаснува Коира.
„Клучниот збор за примена на Агендата 21 е одржлив развој. Вториот клучен збор е паметен раст. Пред да биде усвоена Агендата 21 во ОН во 1997 година, „Брундтландската комисија за околината и развој“, го има дефинирано клучниот поим во нејзината книга за светски одржлив развој.
Книгата е насловена „Нашата заедничка иднина“ и во неа се наведени нашите обврски кои треба да ги направиме за да не ги загрозиме идните генерации и да не одиме против нивните потреби.
„Звучи сјајно и примамливо, затоа што никој не сака да ја загрози иднината на нашите потомци. Затоа е изнесена тезата дека ние луѓето, сè што правиме на планетата, претставува опасност за идните генерации. Дека луѓето се обични штетници и дека со своето делување го доведуваат во прашање животот на планетата“, вели Коира.
Текстот (Заговор) Обединетите Нации со агенда да ја покорат целата планета е превземен од Reporter.mk.