Тимоти Бас од американската држава Вашингтон следната година ќе седне на обвинителната клупа, по обвинението за силување и убиство на 18 годишната Mенди Ставик.
Обвинителството го терети Тимоти за злостор, кој тој наводно го направил во далечната 1989 година. Од тогаш овој случај останал нерешен. Мртвото тело на Mенди било пронајдено три дена откако била пријавена за исчезната.
Пред да ѝ се изгуби секаква трага, Mенди заминала на џогирање во близина на својот дом во Акми. Нејзиниот убиец останал мистерија за јавноста по речиси три децении.
Тимоти бил еден од осомничените, но полицијата не можела да најде никаков доказ против него.
Пресврт во случајот настанал во август минатата година. Една од неговите колешки која работела во пекара заедно со него, тајно ја земала неговата лименка со сок. На лименката ги имало неговите отпечатоци кои биле клучни за поврзаноста на Тимоти со местото каде била убиена младата Mенди .
Жената чиј идентитет не ѝ е познат на јавноста, дознала дека Тимоти е осомничен за убиството на Аманда и почувствувала морална дожност да помогне во истрагата.
Таа, лименката со сок и пластичната чаша на Тимоти ги земала кога тој завршил со ручекот, а доказите им ги пренела на детективите. Службите веднаш ги испратиле доказите на испитување во лабораторија.
Резултатите покажале поклопување на ДНК-та на примероците земени од лименката на Тимоти и од местото на злосторот. Неговиот адвокат тврди дека доказот не смее да се користи во судскиот процес, затоа што полицијата резултатите ги добила на илегален начин.
Сепак судијата пресудил дека земањето на отпечатоци од лименката со сок, не се нарушени правата на обвинетиот, затоа што неговата колешка не била ангажирана како агент за спроведување на законот. Судењето почнува во април следната година.
Текстот Земајќи му ја лименката сок, пекарка го поврзала колегата со убиство старо три децении е превземен од Reporter.mk.