Жителите во град во Швајцарија, сè опседнати со бројот 11

Жителите од швајцарскиот град Золотурн сè опседнати со бројот 11. Золотурн е главниот град на истоимениот кантон на северозападот на земјата, кој се наоѓа на брегот на реката Аре, во подножјето на малиот планински ланец Јуре.

Иако станува збор за прекрасно место кое го направиле Римјаните пред повеќе од 2000 години, туристите често го забораваат поради повеќе посетениот и попопуларниот Берн.

Но, Злотурн има свој шарм и бројни занимливости, пренесува порталот „Info ks“. Една од нив е мистериозната опседнатост со бројот 11. Многу граѓани ни самите не знаат зошто во градот се наоѓаат точно 11 цркви и капели, 11 фонтани, 11 кули и 11 музеи.

Некои од градбите потекнуваат уште од 15 век, додека другите се направени во новото време. Од поновите издание е примерот со единствениот швајцарски музеј за компјутерска технологија со име „Ентер“, кој се наоѓа токму во Золотурн.

Во градот доминира Катедралата Свети Урсен, која е изградена пред точно 11 години. Италијанскит архитект Гаетано Матео Писони, го вклучил овој број, во голем број нејзини детали.

До неа водат по три скалишта, составени од 11 помали скали. Фонтаните се украсени со 11 славини, додека самата градба опфаќа 11 врати.

Катедралата има 11 ѕвона и 11 олтари, додека еден од нив е направен од 11 видови на мермер. Во Золотурн дури се наоѓа и часовник кој покажува само 11 часот ѝ ја свири химната на градот.

Луѓето постојано се прашуваат, која е потребата од таквата опседнатост со бројот 11?

Народната легенда вели дека просперитетот во Градот бил донесен од страна на виленици, дојдени од блиските планини. Англискиот збор за виленик – elf – истовремено е и германски збор за бројот 11, па граѓаните во чест на тие етерични суштества, почнале да создаваат град со тој број.

Нумерологијата вели дека 11 е најинтуитивниот број кој сè поврзува со верата, додека за многумина истиот симболизира непрекината потрага за совршенството, односно шифра за надеж.

Оттука не чуди што голем број производи на локалните пазари, често го опфаќаат овој број, како на пример чоколадата или пивото.

Текстот Жителите во град во Швајцарија, сè опседнати со бројот 11 е превземен од Reporter.mk.