Зошто Америка сака да му суди на Асанж?

Основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж (47) е уапсен поради американскиот налог за испорачување, објавил „Викиликс“ на „Твитер“. Ваквата информација ја потврдила и лондонската полиција.

„Асанж е уапсен на 11 април во име на владата на САД во 10:53 часот во Лондон. Ова е налог за испорака под точка 73 од Законот за испорака. Асанж ќе биде изведен пред суд подоцна во текот на денот“, вели во соопштението на лондонската полиција.

Американското Министерство за правосудство објавило зошто е уапсен Асанж, односно по кое обвинение го теретат и зошто барале налог за негово испорачување.

„Во обвинението се наведува дека во март 2010 година, Асанж учествувал во заговор со Челзи Менинг, поранешната известувачка аналитичарка во американската војска, за да помогне во разбивање на лозинките на компјутерскиот систем на Министерството за одбрана на САД“, стои во соопштението.

На Асанж му се заканува пет години затвор, соопштиле од Министерството за правда на САД.

Асанж првично, како што пишува „Гардијан“, бил уапсен на основа на налогот за апсење кој го издал судот во Вестминстер 29. јуни 2012 година, кога ги прекршил условите за пуштењето на слободата од кауција. Наместо да се пријави во судот, тој тогаш побегнал во еквадорската амбасада во Лондон каде побарал и добил азил.

„Приведен е во полициска станица во Лондон, каде ќе остане пред да биде одведен пред судот. Метрополитанската полиција има должност да изврши налог во име на судот во Весминстер и повикана е во амбасадата од страна на амбасадорот, откако еквадорската амбасада го повлекла азилот“, изјавиле од полицијата во Лондон.

По повод апсењето на Асанж се огласи и главната обвинителка Ингрид Исгрен.

„Ова е вест и за нас, така што не можевме да завземеме став за досега достапните информации. Ни ние не знаеме зошто е уапсен. Го следиме развојот на настаните“, изјавила Исгрен во изјава која ја објавила на страниците на шведското обвинителство.

Од „Викиликс“ велат дека Еквадор незаконски му го укинал политичкиот азил на Асанж.

„Еквадор илегално го поништи политичкиот азил на Асанж, кршејќи го меѓународното право. Уапсен е внатре во амбасадата во Еквадор“, стои во објавата на „Викиликс“ на „Твитер“.

Британскиот министер за надворешни работи Садџид Џајвид за апсењето напишал на „Твитер“:

„По седум години по влезот во амбасадата во Еквадор можам да потврдам дека Асанж е во притвор“.

Претседателот на Еквадор објавил дека добил гаранција дека Асанж нема да биде испорачан во земјата во која би можел да добие смртна казна. Тоа се однесува на САД, каде смртната казна е легална, земја во која Асанж може да биде обвинет за тешки кривични дела и протекување на доверливи воени и државни документи.

Интересно е дека Асанж е уапсен ден откако „Викиликс“ јавно ја обвини владата на Еквадор дека го шпионирала Асанж. Тие тврдат дека амбасадата тајно ги снимала неговите состаноци со адвокатите и лекарите во изминатите година дена.

Неговиот однос со амбасадата се влошил во последните неколку години, а Еквадор минатата година му го забрани интернетот. Асанж се засолни во амбасадата во 2012 година, за да избегне апсење и испорака во Шведска каде е обвинет за силување. Асанж подготвил видео изјава за јавноста која ќе биде објавена на интернет.

Експресно судење: Лондонскиот суд го осуди Асанж за кршење на условот за кауција во 2012 година

Судот во Лондон му пресуди на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж за кршење на условот за кауција во Велика Британија. На основа на ваквата пресуда, на Асанж му се закануваат 12 месеци затвор, но тој се соочува и со можна испорака во САД, кои го бараат за објавување на десетина илјади тајни владини документи

Судијата Мајкл Сноу брзо ја донел пресудата откако Асанж се појавил во судница, каде многу брзо била исполнета со негови приврзаници. Асанж пред судот се изјавил дека не е виновен по обвинувањето за кршење на условот за кауција во 2012 година. Тој тогаш побарал политички азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон, откако со кауција е пуштен од притвор  додека бил соочен со можно испорачување во Шведска, каде бил обвинет за сексуален напад.
Обвинувањата за сексуален напад во меѓувреме беа отфрлени, но обвинувањето дека ги прекршил условите за кауција останале на сила. Од Министерството за правда на САД го обвинија Асанж за подготовка на заговор со поранешната аналитичарка на американската воена известувачка служба Челзи Менинг.
Асанж е обвинет за упад во владини компјутери и крадење на доверливи податоци. Асанж е обвинет дека и помогнал на Менинг во откривање на компутерските шифри и на тој начин и овозможил да упадне во компјутерскиот систем на Пентагон.
Не сум виновен: Асанж се изјаснил пред судот
Жулијан Асанж пред Вестминстерскиот суд се изјаснл дека не е виновен што не се предал на британските власти. Еден од неговите адвокат вели дека имал добра причина за тоа, но дека нема да ги претстави доказите во јавност.

Со еден гест Асанж го воодушеви светот

Асанж во моментите кога бил приведен во Лондон, преку прозорот од полициското возило им се смеел на новинарите, а на собраниот народ само им го покажал палецот нагоре.

Постои голем ризик основачот на Викиликс да биде испорачан на САД, каде го обвиниуваат за објавување на доверливи документи“, изјавил адвокатот на Асанж Пер Самуелсон.
Адвокатот на Асанж и уредничката на Викиликс порачуваат дека ќе се борат за победа

Неговиот адвокат изјавил дека ќе се бори против испорачувањето во Шведска. Екстрадициското сослушување се очекува да се случи во наредните три години. Ќе биде испорачан во Шведска, а правно би можел да биде испорачан и во друга земја, вклучувајќи го САД.

„Тужбата и прогнот против Асанж би требало да ги замолчи другите кои говорат против злоупотреба на власта. Ова не е порака за Асанж, пораката е испратена до сите новинари ширум светот дека не смејат да им застанат на патот на суперсилите кои сакаат да имаат моќ. Без оглед на нападите, „Викиликс ќе продолжи да работи. Не одиме никаде“, изјавила уредничката на „Викиликс“. Кристин Храфнсон.

„Ова е преседан, кој всушност значи дека кој било новинар или медиумска организација, било каде во светот, би можела да биде испорачана и процесуирана затоа што се објавени вистинити информации за САД, што во принцип е погрешно и треба да се даде отпор. Ние ќе се бориме против тоа“, изјавил Робинсон за „Раша тудеј“.

Уапсен и шведски програмер, близок соработник на Асанж

Министерката за внатрешни работи на Еквадор Марија Паула Ромо, соопштила дека е уапсен и маж за кого се сомневаат дека е клучниот играч во „Викиликс“ и основач на организацијата на Асанж. Неименувано лице на владата на Еквадор им открил дека станува збор за шведскиот програмер Оли Бинију.

Ромова изјавила дека програмерот е уапсен поради сомнение дека ковал заговор против владата на Еквадор, а апсењето е изведено на аеродромот во главниот град на земјата, кога Швеѓанинот се обидел да замине на лет за Токио.

„Лице блиско до Викиликс, која имала прибежите во Еквадор, е уапсена во попладневните часови додека се подготвувал за патување во Јапонија“, напишала Ромо на „Твитер“.

Неколку часа претходно, уапсен е Асанж во Лондон, откако владата на Еквадор му го укинала азилот, со што му бил отворен патот за испорака во САД. Ромо изјавила дека уапсениот живеел неколку години во Еквадор и дека често патувал во Лондон.

„Тој е приведен едноставно поради истражни прични“, навела министерката на Еквадор.

 Хилари Клинтон се израдува на апсењето на Асанж

Поранешната кандидатка на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон, смета дека основачот на „Викиликс“, треба да одговара за тоа што го направил.

„Суштината е дека тој мора да одговара за она што го направил. Барем за она за кое е обвинет“, изјавила Клинтон, поранешната државна секретарка на САД.

„Викиликс“ објавил мејлови од Демократската партија, која ја украле руските известувачки служби за време на предизборната кампања во 2016 година. Ваквиот потег и наштети на кампањата на Клинтон.

 Некогаш го фалеше „Викиликс“ денеска ја шокира јавноста, Доналд Трамп го откачи Жулијан Асанж

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакал да го коментира апсењето на Асанж, велејќи дека не знае ништо за тоа.

„Тоа не е моја работа“, изјавил Трамп пред новинарите во Овалната соба во Белата куќа.

Агенцијата „Асошиејтед прес“ претходно потсети дека американскиот претседател Трамп, во текот на својата изборна кампања во 2016 година, го фалел Асанж во своите говори. Тој го споменал основачот на „Викиликс“ повеќе од 100 пати, кога неговата организација ги објави мејловите на неговата тогашна конкурентка Хилари Клинтон.

„Вие сте ѓаволи и крадци“, Памела Андерсон застана во одбрана на својот пријател Асанж

Холивудската актерка Памела Андерсон застана во одбрана на нејзиниот пријател Асанж, нарекувајќи ги САД, Велика Британија и Еквадор дека се ѓаволи, лажговци и крадци.

„И вие ќе испоцркате. А ние повторно ќе се издигнеме“, напишала Памела на „Твитер“.

Памела додала дека била шокирана од апсењето на Асанж, оценувајќи дека тој бил во многу лоша состојба, откако ја видела снимката на која службите го извлекуваат од зградата на амбасадата и го внесуваат во полициско возило,

„Како можеше, Еквадоре?“ праша Андерсон, а потоа и одговорила „Затоа што ве разоткри“.
Истото прашање го напишала и до владата на Велика Британија.
„Се разбира, ти си американска ку**а и ти треба одвлекување на вниманието од идиотскиот брегзит“, напишала Памела.
„Оваа токсична кукавица од претседател, треба да ја собере својата база? Ти си себичен и зол. И поради тебе цел сет страда“, напишала Памела осврнувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата земја САД.
„Ве молам бидете нежни кон мојот син“ – Мајката на Асанж плачела кога го уапсиле нејзиниот син

Кристин Асанж, мајката на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ги замолила британските власти да бидат нежни кон нејзиниот син за време на апсењето.

Таа објаснила дека на Асанж му била ускратена можноста за свеж воздух, можноста да вежба и медицинска нега, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.

„Ве молам бидете трпеливи, нежни и љубезни кон него“, им се обратила Кристин на полицијата и судскиот персонал.

Судијата изјавил дека Асанж повторно ќе биде изведен пред суд на 12 јуни, кога ќе се разгледа барањето на САД за негова испорака.

Хакери ѝ се заканија на Британија: Ослободете го Асанж или ќе платите

Хакери под името „Анонимуси“ се заканија со одмазда на британскиот естаблишмент, поради апсењето на Асанж.

„Ослободете го Асанж или ќе платите“, навеле на порталот Anonews.

Како што велат, Асанж секоја година од 2010 година, бил предложуван за Нобелова награда за мир, додека за неговиот случај известувале сите светски медиуми.

 „Целиот свет го сака Асанж. Особено оние кои се доволно паметни да ја разберат пропагандата која ја САД преку нивната надворешната политика“, се наведува во соопштението.

Извор: Gardijan/RT/Alastair Grant/Associated press

Фото: Printscreen Тwiter

 

 

Текстот Зошто Америка сака да му суди на Асанж? е превземен од Reporter.mk.