Зошто Елон Муск ги крие своите возила „тесла“ низ Калифорнија?

Се чини дека американската мултинационална корпорација „Тесла“, со седиште во Калифорнија, почнала да се движи во погрешен правец.

Компанијата која е специјализирана за производство на електрични возила и литиум-јонски батерии, меѓу другото, го произведува и најпродаваниот електричен автомобил во Европа во 2015 и 2016 година.

И покрај тоа што компанијата добива пофални коментари од голем број  светски ѕвезди за користењето на зелената енергија, „Тесла“ не е омилена компанијата кај голем дел од луѓето. Веста дека компанијата крие илјадници возила на различни локации во Калифорнија многумина ги пооттикна да се прашаат што точно Елон Муск, сопственикот на компанијата „Тесла“, има наумено.

Во пораката на е-пошта што Муск им ја испратил на своите вработени, тој изјавил:

„Не само што сега произведуваме 5000 возила од модел 3, туку исто така ја постигнавме производствената цел за комбинираното производство од 7000 возила за една недела!“

Медиумите се обиделе да ја дешифрираат пораката на „Твитер“. Тие не се откажале сè додека Муск не признал дека 5000 автомобили стојат во магацини во градот Латхроп во Калифорнија.

Исто така, откриено е дека просториите што се користеле за сместување на овие автомобили станале достапни за закуп само шест месеци претходно, што укажува дека од „Тесла“ веројатно ги имаат изнајмено од неодамна.

Шпекулацијата била препознатлива затоа што возилата биле сокриени. На „Твитер“ е објавено дека магацините биле преполни. Некои почнале да се прашуваат дали компанијата користи простор за привремено да ги сокрие возилата кои не би требало да ги има во сметководствените книги.

Објавените видеоснимки  прикажуваат возила што стојат на отворено, незашиттени од силното калифорниско сонце.

Друга истрага открива огромни испакнатини на возилото на „тесла модел 3“ во близина на аеродромот во Бурбенк во Холивуд.

Што наумил Елон Муск?

Тајлер Дурден за порталот Zero Hedgea напишал неколку предлози за тоа што тој мисли дека се случува.

„Но зошто таму толкав број  автомобили? Дали е тоа поради оптимизираниот нето-обврт на капитал што ќе им прикаже на инвеститорите и ревизорите, како впечаток, поголема ликвидност од реалната?“, прашува Дудрен.

Текстот Зошто Елон Муск ги крие своите возила „тесла“ низ Калифорнија? е превземен од Reporter.mk.