Зошто коронавирусот брзо се рашири низ Италија

Италијанскиот весник „Кориера дела Сера“ пишува дека бројот на заразени во земјата, со коронавирус, расте од час во час. Весникот пренесува дека во петокот утрото починала првата заразена личност од опасниот вирус.

За само 48 часа, од смртта на првата жртва, полицијата и војската ги стави под целосна блокада покраините Ломбардија и Венето. Тамошното население е во карантин. Никој не може да помине од блокадата на патиштата. Војската и полиција не дозволува никој да мине, а школите, кината, базените се затворени на недела дена.

Главниот човек од агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели, изјавил дека не треба да се обвинуваат лекарите, затоа што не ги препознале навреме симптомите на коронавирусот, пренесуваат хрватските медиуми.

Италијанскиот весник пишува дека во болницата во Кодоња, каде бил хоспитализиран првиот пациент заболен од коронавирусот, се пренел опасниот вирус на уште пет доктори и една медицинска сестра, додека во болницата во Дола, каде била хоспитализирана уште една личност, истата го пренела на уште три медицински работници.

„Не се работи за бројот на направени тестови. Имаше ситуација во која не можевме да ги препознаеме симптомите на коронавирусот. Лекарите имаа проблем при идентификацијата на симптомите“, објаснил Борели.

Првата зарзена личност во Италија е 38 годишен маж, кој минатата недела дошол во болница во Кодоња. Лекарите  го пуштиле дома, откако ми дијагностицирале обичен грип.

Со оглед на тоа дека не патувал никаде, лекарите не го тестирале на коронавирус. Неколку дена подоцна, состојбата се комплицирала, па пациентот се вратил во болницата. Отпосле е откриено дека бил заразен од коронавирусот.

Вирологот од Универзитетот во Милано, Фабрицио Прелјиаско, изјавил дека никој од лекарите не помислил дека коронавирусот е стигнат во Италија, затоа што досега не бил забележан, освен кај двајца туристи кои биле хоспитализирани на крајот на јануари. Туристите стигнале од Кина и биле на друг крај од Вухан, местото од каде изби смртоносниот вирус.

„Едноставно немаше причина да се сомневаме во коронавирусот, особено затоа што беше период во кој владееше грипот. Италија се најде во ситуација како и во Кина. Сега се соочува со нов вирус. Вистина, за коронавирусот се зборува веќе со месеци, но во Италија немаше ниту еден случај, освен посочените туристи“, додал тој.

Професорот Деви Шридхар од медицинскиот факултет во Единбург, смета дека епидемијата доживеала голем пресврт во последните 48 часа, затоа што е направен пораст со бројот на заразени, надвор од средиштето на епидемијата во Кина. Случаите не биле поврзани. Ниту биле во контакт со лицата на кои им била дијагностифицирана болеста.

Во последните неколку дена се појавија и развија неколку жаришта во Јужна Кореја, Иран и Италија, каде за неколку дена се забележани речиси 150 случаи, а 12 градови беа во целосна изолација.

Што се однесува до автохтоното жариште во Италија, на научниците им е тешко да го утврдат текот на заразата од првиот пациент, од каде и вирусот се проширил.

„Она што се случува во Италија и Јужна Кореја, може да се случи било каде во светот“, предупредил Шридхар.

 

 

 

 

Текстот Зошто коронавирусот брзо се рашири низ Италија е превземен од Reporter.mk.