Екипажот на подморниците кои крстарат низ океаните во тајми мисии, можеби се меѓу ретките луѓе на планетата кои сеуште не се свесни дека постои пандемија на коронавирус.
Морнарите на нуклеарните подморници вообичаено се поштедени од лоши вести, додека се под водата, за да се избегне нарушување на нивниот морал, велат сегашен и поранешен офицер кои служеле во француските подморници.
Екипажите кои ги напуштиле пристаништата, пред вирусот да се рашири низ планетата, веројатно нема да бидат известени за размерите на пандемијата.
„Нема да бидат известени“, изјавил пензионираниот адмирал Доминик Салес, кој командувал со француската балистичка подморница во периодот од 2003 до 2006 година.
„Момците мораат да бидат целосно посветени во исполнувањето на својата мисија“, додал тој.
Говорејќи ексклузивно за агенцијата „Асошиетед Прес“, тој додал дека верува оти екипажот веројатно нема да дознае за пандемијата, сè до последните два дена од мисијата, кога ќе се вратат на пристаништето.
„На нив, кои во моментов се наоѓаат во подморницата, длабоко во океанот, во моментов не им требаат вакви информации“, изјавил адмиралот.
„Мислам дека командантот несомнено е известен за тоа што се случива, но не верувам дека ги знае сите детали“, објаснил Салес.
Француската морнрарица не сака да открие што им е кажано, а што не им е кажно на одговорните во подморницата. Тие велат дека четири француски балистички подморници, опремени со 16 ракети, која секоја од нив може да носи шест нуклеарни боеви глави, ги напуштиле пристаништата пред Франција, на 17. март, прогласи затворање на границите. Мисијатана француските подморници трае од 60 до 70 дена, а ангажирани се 110 членови на екипажот.
Екипажот кој заминал на крајот на февруари, не може да се очекува да се врати пред крајот на април. Во тој случај, тие ќе се вратат во свет кој епидемијата целосно го има променето. За екипажот, враќањето на копно би можел да претставува шок.
„Нема да ја доживеат кризата као и ние. За нив тоа ќе биде прилично изненадување“, изјавил човекот кој четири години бил доктор на балистичката подморница Le Triomphant.
„Сите настани кои би можеле да влијаат или да го променат моралот на членовите на екипажот, се чуваат во тајна и не им се кажуваат. Во подморницата нема интернет, радио или телевизија, единствена вест која ја добиваат е од пораката која ја добил командантот, а командантот ги филтрира пораките, така што не им ги пренесува на сите истите“, вели тој.
Докторот бил под вода во 2012 година, кога исламиски екстремист уби тројца француски падобранци, а подоцна и рабин, своите два помлади сина, киднапирал и убил осумгодишно девојче пукајќи ѝ во глава.
Дури подоцна офицерот дознал за нападите, така што кога луѓето разговараат со него на таа тема, тој вели дека не може ни да замисли да се најде во таква ситуација и истовремено да донесе разумни одлуки.
„Единстевно место од каде сте отсечени од сите информации е таму под површината на водата, дури и на бродот во вселената, сеуште постојат радио, телевизија, интернет“, вели тој.
Кога бомбашките напади го погодија Мадрид во 2004 година, тој вели дека не ги известил морнарите кои биле со него во подморницата и кои биле под негова команда.
Сега најтешка ќе биде ситуацијата за сите оние луѓе кои ќе ги напуштат пристаништата во наредните недели, затоа што ќе знаат дека ги оставаат најблиските за време на пандемија, објаснува тој.
Текстот Зошто морнарицата крие за коронавирусот од екипажите во подморниците е превземен од Reporter.mk.