Зошто во последните 45 години никој не слетал на Месечината?

Мисијата „Аполо 17“, која во далечната 1972 година донела 12 луѓе на Месечината, до ден денес останува можеби најголем успех на НАСА.

Астронаутите собирале камења, фотографирале сè што можеле да забележат, спроведувале низа  експерименти, ставиле знаме и се вратиле дома.

И покрај долгата мисија, која траела неколку недели, програмата „Аполо“ не им овозможи на луѓето да останат на Месечината подолго време. И денес, 45 години по таа последна мисија, постојат низа причини поради кои луѓето би требало да се вратат на Земјиниот сателит.

Истражувачите и претприемачите сметаат дека базата на Месечината би можела да биде  бензиска станица за долгите вселенски патувања, да се изградат вселенски телескопи, да ја олеснат можноста за населување и пребарување живот на Марс и да се решат вековните научни мистерии околу настанувањето на Земјата и Месечината. Тоа е и туристички потенцијал.

„Трајна истражувачка станица на Месечината е следниот логичен чекор. Таа е само на оддалеченост од три дена. Мораме да измислиме уште низа работи и да ги тестираме пред да влеземе во вселенската длабочина“, изјавил поранешниот астронаут Крис Хедфилд.

Но, низа  астронаути и експерти велат дека пречките поради кои немало мисии на Месечината се всушност тривијални и банални.

Посебно голема пречка е трошокот. Според законот кој американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал во март 2017 година, годишниот буџет на НАСА изнесува 19,5 милијарди долари, а веќе следната година би можел да се зголеми на 19,9 милијарди. Иако станува збор за голема сума во споредба со издвојувањата за, на пример, војската, за која од буџетот се одвојуваат околу 600 000 милијарди долари годишно, се чини дека е премалку и безначајно. Особено важен е проектот за модернизација и проширување на нуклеарниот арсенал.

„Уделот на НАСА во федералниот буџет бил на врвот со четири проценти во 1965 година. Во изминатите 40 години останал под еден процент, а во последните 15 години се движи полека кон 0,4 проценти од федералниот буџет“, изјавил астронаутот и член на мисијата „Аполо 7“, Волтер Канингем.

Уште во 2005 година НАСА проценила дека враќањето на човекот на Месечината ќе чини околу 133 милијарди.

„За истражувачките мисии кои вклучуваат и луѓе најтешко е да се добие политичка поддршка. Ако Конгресот не одлучи да вложи пари во програмата, за мисиите ќе можеме само да зборуваме“, нагласи тој.

„Целта на администрацијата на Трамп е астронаутите да ги донесе на Месечината околу 2023 година, на крајот на неговиот долг претседателски мандат. Се разбира, доколку го добие. А во тоа лежи новиот проблем. Политичките удари. Зошто некој би верувал во кој било претседател и неговите најави за што било што би можело да се случи по двата мандата во иднина? Тоа е само приказна“, нагласува Хедфилд.

Од перспектива на астронаутите, најважна е мисијата, а дизајнот, тестирањето и другото би можело да потрае повеќе од два претседателски мандати.

„Би сакал следниот претседател да го поддржи буџетот, што ќе ни овозможи да изведеме мисии кои од нас се побарани, кои и да се тие“, изјавил астронаутот Скот Кели.

Американските претседатели имале различни погледи на вселенските мисии, а НАСА потрошила девет милијарди долари во текот на петте години на дизајнирање, изградба и тестирање на опремата за вселенска програма.

„Американското раководство е инспирирано да се направи нешто што ниту една друга нација не е способна да го изведе. Го покажавме тоа во краток период пред 45 години. Не верувам дека тоа го имаме повторено. Верувам дека сето тоа зависи од политичката преданост“, изјавил астронаутот Баз Олдрин.

Нив може да ги поттикне желбата на народот, кој сепак по ова прашање е доста мек. Дури и кога Нил Армстронг и Баз Олдрин го направија најголемиот подвиг на НАСА и стигнаа до Месечината, само 53% од Американците верувале дека програмата е вредна за трошоците.

Денес 55% од Американците сметаат дека враќањето на Месечината би требало да биде приоритет на НАСА, но од нив 44% сметаат дека астронаутите не би требало да се вратат на Месечината.

Но, финансискиот трошок не е единствената причина за враќање на засега невозможната мисија. Месечината е 4,5 милијарди години стара смртоносна замка за луѓето, кои не смеат да ја земаат здраво за готово.

Површината е покриена со кратери и карпи кои се закана за безбедно слетување. Пред првото слетување во 1969 година американската влада потрошила милијарди долари во развој, лансирање и доопремување на сателит што би можел да ја сними површината која би помогнала во одбирањето на потенцијалните места за слетување.

Многумина веќе се загрижени од правта на метеоритот. Инженерот Мада Тангавел од Јужна Калифорнија напишал во 2014 година дека Месечината е покриена со фин слој лунарен прав како пудра, кој електростатички е набиен благодарение на интеракцијата со соларниот ветер. Многу е абразивен, поради што многу брзо навлегува во вселенските костуми, возила и системи.

Астронаутот Пеги Витсон, која во вселената минала 665 дена, проблемите со правта ги навела како главен проблем во мисијата „Аполо“.

„Ако минеме таму многу време и изградиме трајни населби, мораме да смислиме начин на кој ќе го решиме тој проблем“, изјавила таа.

Проблемот е во сончевата светлина. Околу 14 дена по ред на површината е жешко како во пеколот, затоа што е изложена директно на сончевата светлина, а потоа владее целосен мрак и тогаш површината станува едно на најстудените места во вселената.

НАСА развива мал нуклеарен реактор кој астронаутите би требало да ги снабдува со потребната енергија за време на мрачните денови.

„Нема сомнение дека ако сакаме да одиме понатаму, особено ако сакаме да отидеме подалеку од Месечината, потребен ни е нов превоз. Денес сме како во времето на кочиите“, изјавил астронаутот Џефри Хофман.

Сепак, астронаутите не се сомневаат дека ќе се вратат на Месечината и ќе отидат и до Марс. Само прашањето е кога и која генерација ќе го доживее тоа.

 

 

 

 

Текстот Зошто во последните 45 години никој не слетал на Месечината? е превземен од Reporter.mk.