И покрај тоа што станува збор за најголемата земја на светот и има граница долга 4000 километри со Кина, досега во Русија не е забележан и регистриран ниту еден сериозен случај од опасниот коронавирус. Годишно од Кина доаѓаат преку милион туристи, но и покрај тоа, земјата на Путин не е во никаква опасност од ширење на вирусот.
Досега се регистрирани само два случаи во јануари. Станува збор за двајца кинески државјани, кои веднаш биле сместени во карантин, а на почетокот на февруари, кога им било подобро биле пуштени од болница. Многумина теоретичари се прашуваат како Русија успеала да остане имуна на коронавирусот.
Некои велат дека одгворот лежи во забраната на влез на патници од Кина. Кремљ ги крена границите не само за Кинезите, туку и за секој кој престојувал претходно во Кина. Стопирани се сите летови на „Аерофлот“ од Кина. Стопирани се возовите кои одат кон, но и кои доаѓаат од Пекинг. На крај Русија и службено ја затвори границата.
Примерот на Русија го следеше и Јужна Кореја, а сега истото го прават и Иран, кој се смета дека може да стане најопасно жариште од каде коронавирусот може да се рашири.
Под мирување ставена е и железничката линија кон францускиот град Ница. На руските туристички агенции им забрането да нудат аранжмани за патувања во Италија. Во авионите кои од Европа слетуваат во Москва и во Санкт Петербург на сите патници им се мери телесната температура.
Во сибирскиот град Тумен, во тамошниот санаториум воспоставен е карантин во кои се сместени руските државјани кои пристигнале од кинеските региони кои се епицентар на епидемијата.
Московските власти користат компјутерска технологија за препознавање на лица со цел да ги лоцираат граѓаните кои се вратиле од Кина, а кои не се придржуваат до наредбата за домашна изолација. И уредно известија дека се фатени 88 такви случаи.
Кинезите или тие за кои постои сомнеж дека се Кинези ги издвојува полицијата и обезбедувањето во московската подземна железница и ги испитува за коронавирусот. Поради тоа протестираше Кинеската амбасада во Москва, потсетувајќи оти тоа не се прави ниту во една држава во светот.
Залудно. Локалните медиуми известуваат дека висок дипломат само што пристигнал од Кина е ставен во карантин поради мерки на претпазливост. Веќе еден месец на влезот во Кремљ се мери телесната температура на посетителите кои присуствуваат на состаноци со Владимир Путин.
Русите не сакаат ништо да препуштат на случајноста и засега, ако им се верува на службената државна статистика, успешно се бранат од коронависрусот.
Текстот Зошто во Русија нема ниту еден заразен од коронавирус е превземен од Reporter.mk.