Технологијата на 3Д печатење се применува во медицината, индустријата, градежништвото, па дури и во производството на храна. Дали сме подготвени за иднината?
Кога за првпат пред 20 години се појави 3Д принтерот, нeговите пронаоѓачи ветуваа дека овој изум ќе предизвика револуција во многу индустрии, пишува BBC.
Во 2018 година ширум светот се продадени 1,4 милиони 3Д печатачи, а се очекува дека овој број до 2027 година ќе порасне на 8 милиони.
3Д принтерите можат да направат и храна. Компанијата Nova Meat неодамна го претстави бифтекот кој е направен од грашок, ориз, морски алги и други состојки.
Целта на ова компанија е да се намали употребата на животинско месо во индустријата, но принтаниот бифтек да има вкус на месо, иако ќе биде направен од природни состојки.
Погледнете го видеото за да видите како изгледа процесот на производство на печатен бифтек.
Извор: Klix.ba
Текстот 3Д печатењето сè понапредно: Се произведува храна, лекови, градежен материјал (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.