Airbus до 2035 година ќе воведе авион со ниска емисија на јаглерод диоксид

Airbus сака да изгради прв патнички авион со ниска емисија на јаглерод диоксид и да го воведе во промет во 2035 година, изјави директорот на компанијата, Гијом Фори. Тој истакна дека развојот на потребната технологија се уште во тек и нагласи дека е можно дека ќе се работи за хибриден авион или погонското гориво ќе биде водород или некое климатски неутрално гориво.

„Патот е многу комплициран“ рекол Фори.

Воздушниот сообраќај е одговорен за 2,5 отсто офд глобалните емисии на јаглерод диоксид.

Airbus е свесен за своите одговорности и успеа до сега значајно да ја намали потрошувачката на гориво по патник, користејќи полесни авиони со посилни мотори, рекол Фори.

„Зелениот лет е наш главен приоритет“ заклучи Фори.

Текстот Airbus до 2035 година ќе воведе авион со ниска емисија на јаглерод диоксид е превземен од USB.mk.