Airlander 10 доби луксузни спални и стаклени подови (ВИДЕО)

Најголемиот авион на денешнината, Airlander 10 во својата последна специјална верзија е трансформиран во раскошно и луксузно летало кое овозможува неверојатни глетки и прошетки по најегзотичните места во светот.

Британската авионска компанија Hybrid Air Vehicles (HAV) и консултантската компанија Design Q  партнерски ја развиле оваа луксузна туристичка верзија на индустрискиот Airlander 10, во моментот најголемиот авион во светот. Симулациите за изгледот на новото летало се појавија неодамна на Farnborough International Airshow. Токму Airlander бил избран како идеално средство за луксузен туризам на далечни дестинации, поради можноста да се задржи во воздухот до 5 дена, неговата хипер ефикасност и способноста да допре до најскриените светски дестинации.

Првиот тест лет ќе го има до крајот на годинава. Сопствениците на авионот веќе склучиле договор со туристичката агенција Henry Cookson Adventures која ќе ја има честа да се проба на првата експедиција. Агенцијата тврди дека ќе соработува со научници и истражувачи, со цел да понуди несекојдневни тури до непристапните егзотични локации, скриени за остатокот од светот.

Текстот Airlander 10 доби луксузни спални и стаклени подови (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.