Ајнштајновата теорија на релативност потврдена дека важи и на космички дистанци

Уште една победа на Ајнштајновата теорија за гравитација. Ново истражување покажува дека општата теорија на релативност на Ајнштајн важи и за преку огромни дистанци.

Според извештајот објавен на 22. јуни во списанието Science теоријата на релативност влијае и врз регион кој што се протега на космичка далечина од околу 6,500 светлосни години

Претходно научниците прецизно ја тестираа теоријата про набљудувајќи ги нејзините ефекти во сончевиот систем. Но експерименти на поголеми размери се многу потешки.

Според теоријата на релативност силата на гравитацијата е резултат на искривувањето на просторот што го прави материјата.

Во истражувањето, тимот од научници гледаа како светлината од далечна галаксија е накривена заради тоа што светлото поминува покрај друга галаксија во неговиот пат кон Земјата.

Другата галаксија именувана како ESO 325-G004, лоцирана на околу 450 милиони светлосни години од Земјата, ја искривува сликата од далечната галаксија во форма на прстен, нешто слично како козмичко искривено огледало.

Според тоа колку е искривена сликата научниците ја пресметаа масата на ESO 325-G004. Кога тие ја споредија со претходно мерење, базирано на силата што влијае врз ѕвездите во истата галаксија, резултатите се поклопија, со што и се потврди Ајнштајновата теорија.

The post Ајнштајновата теорија на релативност потврдена дека важи и на космички дистанци appeared first on USB.mk.