Најголемиот ланец за е-трговија, Amazon инвестираше во еден од најнадежните стартапи во САД, Aurora. Станува збор за компанија којашто развива технологија за целосно автономни возила, пишува CNN.
Освен Amazon, во стартапот инвестираа и инвестициската компанија Sequoia, Lightspeed Venture Partners и Shell Ventures, со што беа собрани вкупно 530 милиони долари. Вредноста на Aurora се проценува на 2,5 милијарди долари. Сумата што Amazon ја вложи не е прецизирана.
И двете компании не сакаат да предвидуваат дали во иднина може да излезе некаква соработка, по инвестицијата.
Aurora моментално вработува повеќе од 200 луѓе и важи за “отворена платформа“ каде што автомобили и камиони од различни компании би споделувале податоци со цел да го направат возењето побезбедно.
Стартапот досега има склучено партнерства со Volkswagen, Hyundai и кинескиот производител на автомобили Byton.
Текстот Amazon инвестираше во стартап за автономни возила е превземен од USB.mk.