Amazon ја купува фармацевтската онлајн компанија PillPack

Американскиот гигант за продажба, Amazon ја купува малата онлајн аптека PillPack со што најголемиот онлајн продавач ќе биде во директна конкуренција на ланците на аптеки и дистрибутери на лекови во САД, јавува Reuters.

PillPack овозможува купување на лекови на рецепт и други услуги за оние луѓе кои земаат повеќе видови на лекови, и се под третман за повеќе комплексни хронични состојби.

Целта на Amazon е да има удел во пазарот со лекови на рецепт којшто тежи повеќе од 450 милијарди долари. Иако PillPack очекува продажбата да биде достигне 100-тина милиони долари оваа година, големата база на корисници на Amazon и постоечката инфраструктура на испорака може да и помогнат на компанијата брзо да порасне.

Вредноста на зделката според извор на Bloomberg изнесува една милијарда долари и се очекува да се затвори во втората половина на 2018 година.

The post Amazon ја купува фармацевтската онлајн компанија PillPack appeared first on USB.mk.