Amazon планира да го продолжи својот пробив во автомобилската индустрија со Alexa гласoвниот асистент.
Технолошкиот гигант очекува раст на понудата базирана на Алеxa во следните месеци и години, вклучувајќи значителна експанзија на вградени софтверски системи во возилата.
Воведување на популарниот систем за гласовна асистенција во автомобилите е дел од растечкото бизнис портфолио на Amazon во рамките на автомобилскиот сектор, кој вклучува и портал за истражување на јавното мислење односно потрошувачите и значајна инвестиција во стартап компанијата Rivian.
Во текот на 2016 година, производителите на автомобили започнаа партнерство со Amazon. Во тоа време, стануваше збор за задачи како што се проверка на нивото на гориво или стартување на возилото од далечина. Тоа се прошири на Alexa, оспособена преку аудио системот на возилото преку апликација, како и преку автомобилски додатоци со вграден Alexa систем.
Audi и BMW Group, вклучувајќи го и Mini, беа првите кои ја инсталираа Alexa во софтверските системи на нивните возила.
За Amazon, старт со луксузните брендови беше важно поради нивната посветеност на дигиталното поврзување, вклучувајќи ја и можноста за ажурирање на софтверот од далечина.
Audi планира постепено воведување на Alexa во својата гама, вели портпаролката на компанијата, Амелија Фајн-Морисон. Марката од Инголштад ја лансираше Alexa во новиот e-tron електричен кросовер минатата година. Следен во линијата е редизајнираниот Q3.
BMW партнерството со Amazon кога станува збор за Alexa се однесува на обезбедување непрекината врска помеѓу домашните уреди и оние во возилото.
Уредите кои функционираат преку гласовна контрола се прифаќаат побрзо отколку што очекуваа многу аналитичари, од времето кога Alexa беше лансирана во 2014 година.
Во домаќинствата, уредите со Alexa систем на сопствениците им овозможуваат да користат гласовни команди за да пуштат музика и да добиваат информации за временската прогноза и работното време на одредени продавници. Тие исто така можат да ги контролираат останатите паметни домашни апарати.
Во возилата, Alexa им овозможува на возачите далечински пристап до технологијата. Со повисоко ниво на интеграција, возачите можат да контролираат сè што може да биде контролирано со традиционалниот систем за гласовна команда, вклучувајќи повик преку мобилен телефон, пребарување на радио станица и контрола на паметните уреди во домаќинството.
Alexa е еден од неколкуте начини преку кои Amazon влегува во автомобилската индустрија или партнерства со производителите на автомобили. Во февруари, компанијата започна со инвестиција од околу 700 милиони долари во Rivian. Исто така, лансиран е Amazon Auto 2016, портал за анализа на јавното мислење односно потрошувачите, а Amazon интернет сервисот е проширен Cox Automotive.
Извор: Додај Гас
Текстот Amazon навлегува подлабоко во автомобилската индустријa е превземен од USB.mk.