Работните услови во магацините на Amazonсе прилично остри, па компанијата осмисли нови тактики за кои верува дека ќе им го олеснат животот на вработените.
Тие ја претвориле продавницата во видео игра и почнале со инсталирање на големи екрани покрај работните станици. На нив ќе се прикажуваат едноставни игри со имиња како “PicksInSpace”, “Mission Racer” и “CastleCrafter”, кои физичките акции на работниците, како преместувања на роба, ќе ги “преведува” во виртуелни движења во рамките на играта.
Така, на пример, брзината на пакување на објектите ќе влијае на брзината на движењето на автомобилите во некоја од игрите, па ќе победуваат оние кои се најефикасни.
Игрите се замислени така што работата ќе ја направат помалку напорна, но и ќе ја подобрат продуктивноста на работниците кај кои, тврдат експертите, ќе се разбуди натпреварувачкиот дух.
Учеството во игрите се одвива на доброволна база, па екрани се веќе инсталирани на пет локации во САД, каде менаџерите ги наградуваат работниците кои се најдобри во некоја игра, а наградите се во облик на валута на компанијата, која работниците можат да ја заменат исклучиво за производи на Amazon.
Процесот на претворање на работата во игра е познат како гејмификација, па во некои компании веќе се користи за тестирање на сервиси и производи, како и за зголемување на продуктивноста.
Извор: PC Press.rs
Текстот Amazon работните задачи ги претвора во видео игри е превземен од USB.mk.