Американска астронаутка се врати по 328 дена во вселената (ВИДЕО)

Астронаутката на НАСА, Американката Кристина Кох е, официјално, жената која најдолго време мина во Вселената.

Капсула „Сојуз” во својата посада освен Кох, ги имаше и капетанот Лука Пармитано од Италија и Русинот Александар Скворцов. Леталото денеска слета во Казахстан во 10:12 часот по средноевропско време.

Кох сподели дека, покрај моментот кога за прв пат влегла и ја видела вселенската станица, нејзиниот омилен момент во вселената бил на првата прошетка низ вселената со Меир.

Во среда и четврток (5 и 6 февруари) НАСА ќе го емитува враќањето на Кох на Земјата. Интернет-емитувањата на НАСА ќе започнат во среда со почеток во 9 часот.  Слетувањето на Сојуз во оддалечените степи на Казахстан е закажано за четврток во 4:14 часот по полноќ.

Кох ја заврши својата прва мисија во Земјината Орбита која траеше 328 дена.

Текстот Американска астронаутка се врати по 328 дена во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.