Во светот има многу скриена катчиња што кријат необјасниви загатки, кои се по малку и мистични, но повеќе забавни.
Така, веќе 124 години едно исто дрво плови во американското езеро Крејтер, но секогаш се движи исправено, вертикално, наместо легнато.
Езерото е дел од национален парк во американската сојузна држава Орегон. Зафаќа површина од 50 квадратни километри, а има максималната длабочина од 594 метри и годишно привлекува 1000-ци туристи.
Мистериозното дрво во 1896 година прв го забележал и опишал геологот Џозеф Дилер. По пет години, тој се вратил на местото и дрвото повторно се движело исправено. Им кажал на своите колеги и познаници, па тие отпрвин мислеле дека се шегува, но кусо потоа некои и самите се увериле во веродостојноста на приказната на истражувачот.
Сепак, ни тие не можеле да објаснат зошто „старецот од езерото“ се движи вертикално во водата, и покрај тоа што немало ветар, некаква невообичаена водна струја или друг фактор што би го предизвикал тоа.
Години потоа, властите побарале да го извадат дрвото од езерото, но околните жители се спротивставиле и си го зачувале објектот што ѝ пркоси на природните закони, како заштитен знак на нивното родно место.
Дрвото никогаш не се наоѓа на едно место, постојано се движи.
Текстот Американска мистерија: Дрво коешто секогаш плови исправено е превземен од USB.mk.