Американската армија изгради бетонска база со 3D печатач

Американската армија почна со нов проект за брза градба на воени објекти и касарни со помош на 3D печатач. За помалку од два дена, на овој начин армијата успеала да изгради цела една база.

Проектот The Marine Corps Systems Command (MCSC) вклучува изградба на објект од 46 квадратни метри за 40 часа, инаку дело на инженерите на американската армија и Центарот за истражување и развој во Шампањ, Илиноис.

Ова е прв во светот бетонски принт“, рече капетанот Метју Фридел, проектофицер од тимот за производство на адитиви на MCSC.  „Луѓето прават печатени згради и големи структури, но тие не го направиле тоа на самото место и одеднаш. Ние тоа го направивме овде на лице место“, дополни тој.

Касарната има малку повлажна фасада со видливи ленти каде што печатарот додал слој на слој од бетон. MCSC се здружи со работната група од маринци за изградба на касарната, која бараше четири лица да го надгледуваат и полнат печатачот со бетон во текот на 40-те часа.

Текстот Американската армија изгради бетонска база со 3D печатач е превземен од USB.mk.