Американската влада се плаши од мистериозен руски сателит

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави основање на вселенски вооружени сили на САД, под името Space Force. Неодамна, американска службеничка на Стејт Департменот ја искористи можноста на Конференцијата за разоружување во Женева да го предупреди светот за можна закана што доаѓа од Русија и која делува како алиби за основање на Space Force.

Во говорот на Вајалием Поблит има многу елементи од минатото време, кога американската влада настојувала да ги оправда воените акции на туѓи територии. Во својот говор таа отворено изјави дека Русија развива проектили кои можат да го уништат секој сателит од орбитата на Земјата, а во вселената е лансиран мистериозен сателит кој покажува „многу чудно однесување“, што предизвика немир во САД.

Самата таа вели дека не знае која е улогата на сателитот, но дека не треба да се исклучи можноста дека станува збор за летало со некој нов вооружен состав.

Русија веднаш ги отфрли обвинувањата како неосновани.

Извор: Vidi.hr

 

Текстот Американската влада се плаши од мистериозен руски сателит е превземен од USB.mk.