Американската армија изуми високотехнолошка капа за воени кучиња, која ќе ги заштити од губење на слухот, до што може да дојде поеади од гласните звуци на воените возила или оружје.
Направена е од флексибилен акустичен материјал за апсорпција, кој филтрира силни звуци и може да се растега за да одговара на речиси сите облици и големини на главите.
„Дури и краток лет со хеликоптер може да влијае на слухот на кучето, што може да резултира да не ја слушне командата и што може да ја загрози мисијата. Новата технологија го штити кучето во мисиите и може да го продолжи неговиот работен век”, истакна воениот истражувач Стивен Ли.
Капата Canine Auditory Protection System (CAP) е тенка 2,5 сантиметри и дизајнирана е да може да се комбинира со шлемови, очила и други заштитни материјали дизајнирани да ја покријат главата на военото куче.
Ја изумија научници од ZeteoTEch, а тестирана е екстензивно во воени и полициски ситуации.
Текстот Американската војска изуми капа која го штити слухот на кучето од експлозија е превземен од USB.mk.