Група истражувачи од САД развија роботска технологија за ултразвучна гастроскопија. Системот функционира автономно и ги визуелизира ткивата во реално време со користење на ендоскоп со капсула со магнетна контрола.
Ракот и другите болести на гастроинтестиналниот тракт секоја година одзема по околу 8 милиони животи. Ендоскопијата е клучен метод за дијагностицирање на болести на гастроинтестиналниот тракт. Во моментов се користи флексибилна цевка која е насочена преку устата на пациентот или анусот. Во потрага по алтернатива на оваа инвазивна и непријатна постапка, тим од научници предводени од Џозеф Нортон создаде систем со способност да се измери магнетно поле, што овозможува да се насочи магнетна капсула преку гастроинтестиналниот тракт со помош на надворешен магнет.
„За разлика од претходните слични технологии, новиот метод не бара физичка врска меѓу ендоскопот и надворешен контролер или сложени мануелни манипулации. Овој пристап може да обезбеди долгоочекувана алтернатива на традиционалната ендоскопија, која со децении остана во голема мера непроменета и може да има негативни последици, како на пример при истегнување на ткивата предизвикани од движењата на ендоскопот”, се вели во публикацијата.
Текстот Американски истражувачи развија технологија за ултразвучна гастроскопија е превземен од USB.mk.